fbpx

„Бомбата“ ги потврди јавните тајни. Проверено!

-

Телефонските разговори, кои на двапати ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, иако не предизвикаа тектонски поместувања, сепак покажаа дека речиси сè во што сме се сомневале дека се прави во државава – било точно! „Бомбите“ на Заев како да претендираат да го потврдат насловот на последната програма со која ВМРО-ДПМНЕ излезе на избори – „Проверено“.

Така, ако досега имаше сомневања дека сме прислушувани (било од дома, било од странство или од политичка партија), сега за тоа нема никакво сомневање и тоа е – потврдено.

Слично е и за сите други јавни тајни и сомнежи.

    Корумпирано судство – проверено! Слушнавме како се местат судски одлуки и судски функционери.

    Али Ахмети, ултимативен шеф меѓу Албанците – проверено! Слушнавме како Муса Џафери му се правда на Мијалков дека за сè мора да го праша „Али“.
    Прислушување – проверено! Презентирани се 11 аудиоснимки од прилушувани разговори.
    Партиски вработувања –  проверено! Јанкулоска и Ставрески договараат како кого ќе сместат.
    Неодделеност на извршната од судската власт – проверено! Јанкулоска му дава задачи на обвинителот.
    Уривање на уставниот поредок – проверено! Неовластеното прислушување е кривично дело и спротивно на Уставот.
    Тендерите се местат – проверено! Јанкулоска и Ставрески се договараат за тендер за возила.
    Меѓупартиски уценувања – проверено! Мијалков го притиска Муса Џафери за ДУИ да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Врховен суд.

Владејачката партија, на последните избори, парламентарни и претседателски, кои се одржаа во април минатата година, излезе со програма наречена „Проверено“. Во програмата има 2.046 нови проекти и 64.000 вработувања, а како гаранција за ова, ја понуди „Проверено“. Но, освен овие проекти, има уште неколку за кои граѓаните долго време се сомневаа дали се остварени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...