fbpx

Се откри стратегијата на СДСМ: „Бомбите“ ќе пукаат тематски, по линиите на ЕУ-забелешките

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ја објави втората „бомба“ со телефонски снимки, кои, според него, откриваат дека не постои правна држава и ја покажуваат спрегата меѓу извршната и судската власт. На прес-конфееренцијата беа објавени снимки од прислушување на владини функционери инволвирани во местенки во обвинителството и во судството.

Првата „бомба“, според СДСМ, беше само најава за криминалните работи на власта, а секоја следна прес-конференција, најверојатно, ќе биде тематска.

Полека, како да се открива стратегијата на опозициската партија, „бомбите“ да ги таргетираат најистакнатите функционери на владејачката партија: министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и директорт на УБК, Сашо Мијалков.

Ако вчерашната беше за судството, се очекува наредните да бидат за економијата, за тендерите, за црквата, за спорот со името и слично.

– Објавувањето на бомбите нема врска со извештајот, едноставно ние мора да ги отвориме сите поглавја, едно по едно – неофицијално велат од СДСМ.

Од досега презентираното, СДСМ како да се движи точно врз или многу блиску до забелешките што на Македонхија ѝ се стааваат во речиси секој извештај за напредокот, а кој секоја година го дава ЕУ.

Јасно се гледа/слуша како владини функционери договараат именувања и потези кои не се во нивна надлежност, како партијата ја погазува секоја друга власт во државава, но, сепак, сите како да очекуваа нешто повеќе, „бомби“ од корупција, тендери, пари, за името…

Како и да е, според шпекулациите, СДСМ доказите ќе ги објавува околу 30 дена и ако оди со ова темпо од една прес-конференција неделно, би требало да се одржат пет-шест настапи на Заев.

Потоа работите ќе станат појасни. Или ќе се случи како што предвидуваше Заев, односно власта ќе падне за три дена, што досега не се случи, или лидерот на СДСМ ќе мора да поднесе оставка, како што и самиот најави.

Втората работа што е непозната е што ќе преземе Обвинителството, кое може или да ја прифати кривичната пријава за Заев или да ја отфрли.

В.Ѓ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...