fbpx

Заев за БИРН: Ако не успее „бомбата“, ќе си заминам

-

Доказите и материјалите од „бомбата“ кои лидерот на опозицијата ги најавува, ќе почнат да се објавуваат во јавноста од почетокот на идната недела, вели Зоран Заев во интервју за „Балканската репортерска истражувачка мрежа“(БИРН).

„Штом ќе бидат донесени одлуките, раководството на партијата очекува и неколку други партии од опозицискиот блок да донесат одлуки. Тоа би било викендов. Реално, почетокот на наредната недела е периодот кога ќе почнат да се споделуваат доказите“, вели во интервјуто Заев.

По објавувањето на доказите, Заев вели дека очекува политичка разврска и оставки од оние на кои се однесуваат материјалите, но остава простор и за други сценарија.

– Ако ова не успее, тогаш ќе си одам од функцијата – вели лидерот на СДСМ.

Околу неколкумесечното тактизирање, лидерот на опозицијата објаснува дека причина за тоа било да се заштитат луѓето кои ги давале информациите.

Заев за БИРН тврди дека материјалите потекнуваат од македонските тајни служби.

Тој децидно тврди дека не соработувал со странски служби и вели дека премиерот Никола Груевски прв ја потегнал дебатата за „бомбата“ на нивните четири средби, а не обратно.

– Ако ги видите термините на тие разговори со премиерот, ќе видите дека јас и претходно јавно сум повторувал дека никој нема право да ја скрие вистината од граѓаните и дека таа ќе биде обелоденета. Сите средби со премиерот беа единствено во врска со петте барања на опозицијата. Размислуваа една недела, тоа беше по третата средба, за на крај да кажат: „Не, вие во јавноста кажувате дека имате некои докази, ако не ги дадете доказите, нема преговори“. Јас им реков нема шанси да ви ги доставам доказите затоа што на тој начин ќе се спречи јавноста да биде информирана – вели Заев во интервјуто.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...