fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев на средбата со Орав: Ќе објавиме сè што имаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска на средба го информирале амбасадорот на Европска Унија (ЕУ) во земјата, Аиво Орав, за последните случавања по, како што навеле првите луѓе на СДСМ, обидот на власта на Груевски „со политички монтирана постапка против лидерот на опозицијата да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење“, соопштуваат...

Демократскиот сојуз бара транспарентност во случајот „Пуч“

Демократскиот сојуз бара на случајот „Пуч“, МВР, Јавното обвинителство и судот да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз кои се темели судската постапка против обвинетите, меѓу кои е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Се работи за тешки обвинувања, поради што инсистираме судот да покаже висок степен на резистентност и да не...

Заев го предаде пасошот во скопскиот Кривичен суд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, еден од четворицата осомничени во случајот „Пуч“, денеска попладне го предаде својот пасош во Основниот суд Скопје 1. Како што информираа од судот за „Мета“, судија на претходна постапка на осомничениот Заев му одредил превентивна мерка, одземен му е пасошот, и тој е задолжен еднаш неделно да се јавува кај надлежно лице во Основниот суд...

Заев: Забеган обид на власта да ги спречи „бомбите“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека акцијата „Пуч“, во која полицијата го сомничи за наводно недемократско преземање на власта, не е ништо освен забеган обид на власта да ги спречи таканаречените бобми кои СДСМ подолго време ги најавува, пренесе „Нова ТВ“. - Ова не може да се толкува поинаку! Ова е забеган обид на власта да ги спречи бомбите, вистините,...

На Заев ќе му биде одземен пасошот?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да биде приведен, туку, како мерка, ќе му биде одземен пасошот, неофицијално се дознава од Јавното обвинителство. Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, уапсен пред две недели, и со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за...

Средба на Заев со амбасадорката на Австралија

Недостиг од минимум демократски капацитет на институциите, преклопувањето на државата и на партијата и загрозената слобода на изразување биле главите теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Австралија за Македонија, Јулија Фини, соопштуваат од партијата. На средбата Заев бил придружуван од претседателот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Виктор Габер. Претседателот на најголемата опозициска партија...

Зоран Заев на средба со Илир Мета

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во Скопје, се сретна со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета. На средбата се разговарало за актуелните случувања во регионот и за проблемите со кои се соочуваат земјите на нивниот евроинтеграциски пат. Претседателот Зоран Заев и претседателот на албанското Собрание, Илир Мета, размениле мислења за продлабочување на политичката и на економската соработка помеѓу Република...

Зоран Заев го честиташе големиот христијански празник Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници. „Вам лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник...

Заев упати честитка по повод Бадник и Божик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава. „Вам лично, на членовите на Синодот, на...

Заев: Претстои период кога ова лудило мора да заврши

Денеска, членови на опозициските партии поставија импровизиран споменик на смртта на демократијата пред Собранието на Македонија по повод две години од „црниот понеделник“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, постави и еден пакет со тоалетна хартија. - Две години по смртта на парламентарната демократија во Македонија, пред овој споменик на „црниот понеделник“, порачуваме – ќе ѝ ставиме точка на намерата на...

Заев во Охрид: Власта се ниша од сите страни

„Подготвуваме сценарио кое што допрва ќе се случува и кое мора да води кон успех. Злото да го снема, ама да ги отвори патиштата кон иднината на оваа наша земја. Тоа е конечната цел кон која се стремиме. Ќе ги претставиме сите аргументи и докази, но и тогаш не можеме да ѝ наштетиме на Македонија, туку ќе ја отстраниме...

Заев: Имаме докази дека изборите во 2013 и во 2014 година се апсолутно криминални

Дел од доказите што ќе ги обелодениме ќе посведочат за тоа дека последните двата изборни циклуси се криминални и се класична кражба на власта, рече вечерва на трибината во Охрид,  лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави  порталот „Охрид тајмс“. - Дел од доказите што ги имаме докажуваат дека изборите кои се спроведоа во 2014 и во 2013 година се апсолутно криминални. Ова...

Зоран Заев го честиташе празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод празникот Свети Климент Охридски, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед. „Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и на описменување, е од огромно значење за зачувувањето и за унапредувањето на македонската култура и на цивилизациските вредности со универзално значење. Просветното и...

Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Претседателот Заев изразил подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач. Во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодарил за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија. На средбата...

Заев и Шекеринска се сретнаа со Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит. Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и за поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграциите. Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се...

Заев: Граѓаните веќе не се плашат, секојдневно доставуваат докази за криминал

„Овие денови, гледате, и еден медиум објавува афера за издавање пасоши во приватни станови, коишто сите знаеме како можат да бидат искористени. Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостига пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, во согласност со законот. Таа е должна...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска да објават сè што имаат

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш отворено и јавно се обраќа до политичкото раководство на СДСМ, до експертот за делење тендери на своето потесно и пошироко семејство, Зоран Заев, и до експертот за кирии и за луксузни производи и забави, Радмила Шекеринска, наместо да ја замајуваат јавноста со некакви бомби, да излезат и да објават сè што имаат, ако навистина имаат, се...

ВМРО-ДПМНЕ: Режисерот да го облече човекот, да не е бос

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по снимката во неделникот „Фокус“. Во рекацијата оттаму велат дека чувствуваат потреба да се произнесат околу еден видеозапис со чудна содржина што циркулира по медиумите. „Освен тоа што како кај сите што го погледнале видеозаписот, и кај нас предзвика чувство на хумор, во врска со снимката која беше лиферувана од страна на еден медиум во обид да се претстави...

Заев: Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце

Слободоумните граѓани да соберат храброст и да не се плашат бидејќи оваа власт мора да замине, порача синоќа од Велес, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце. Нашите бомби се со докази и како што гемиџиите некогаш со бомби го тргнаа теророт, така и ние со нашите...

Заев: Не ги објавуваме доказите затоа што немаме институции

Ја фрливме ракавицата и пред Груевски и пред целата македонска јавност, апсолутно знаејќи за што зборуваме. За она што го очекуваме од тие докази и аргументи, гарантираме со својот политички кредибилитет, толку многу веруваме во нив, изјави синоќа во Кавадарци лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Знаете како беше со „Македонска банка“? Со „Актор“? Со имотите на Мијалков? Со становите...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...