fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Режисерот да го облече човекот, да не е бос

-

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по снимката во неделникот „Фокус“. Во рекацијата оттаму велат дека чувствуваат потреба да се произнесат околу еден видеозапис со чудна содржина што циркулира по медиумите.

„Освен тоа што како кај сите што го погледнале видеозаписот, и кај нас предзвика чувство на хумор, во врска со снимката која беше лиферувана од страна на еден медиум во обид да се претстави некаква наводна афера, би сакале да го споменеме и следното.

На сликата, покрај тоа што се гледаат корици кои наликуваат на корици од пасош, кои може да се најдат на која било тезга како новогодишни честитки, се гледаат и прст и табан од нечија боса нога, а се слуша и еден неартикулиран извик со идеолошка конотација, за кој претпоставуваме дека треба и нас и јавноста да нè убедат дека, наводно, некое лице кое, наводно, печати некакви наводни пасоши е антикомунист или симпатизер на десницата, па така одработува контра левицата. Да не е смешно, ќе е трагично. Креаторот на оваа неинвентивна снимка имал или лош ден или, пак, неговиот капацитет е ограничен. Би сакале да сугерираме на режисерите на ваков вид евтина продукција, во иднина, кога ќе снимаат нови серии, барем да го облечат човекот и да не е бос, бидејки времето е студено и може да настине. Исто така, сугерираме, заради уметнички ефект, во следната серија да се појавува уште посилен и поостар глас, кој уште понападно, па и повулгарно вербално ќе го нападне СДСМ или левицата, за да може барем еден човек да поверува дека тој што го извикува тоа, нормално е припадник на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата.

Во соопштението од владејачката партија се додава и дека не можат да поверуваат „на кое дереџе е спадната опозицијата, па се обидува со вакви евтини приказни, во кои никој, па ни тие самите не веруваат, да креираат некаква перцепција“.

„Им посакуваме повеќе инспирација при следните нивни снимања на комедијантски снимки, кои не само што ништо не претставуваат, туку говорат за извонредно слабиот капацитет на Заев и на друштвото, за кој искрено жалиме“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...