fbpx

Станишев: Одговорната власт треба да почне преговори со опозицијата

-

Добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија се прашање на политичка волја од двете страни, рече заменик-претседателот на Заедничкиот комитет за парламентарна соработка ЕУ-Република Македонија, Сергеј Станишев, на вчерашниот состанок на Комитетот во Стразбур, пренесе бугарски „Крос“.
– Бугарија е првата земја што ја призна Македонија, секогаш сме го поддржувале нејзиното пристапување кон Европска Унија и кон НАТО. Како премиер, побарав членство на Македонија во НАТО во 2008 година. На Балканот сите сме едно семејство, но напорите треба да се двострани –  изјави Станишев.

На билатералната средба, Станишев го повика македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими, Македонија да го потпише договорот за пријателство и за соработка со Бугарија.

– Мораме да покажеме политичка волја, а не да бараме изговори бидејќи причини за одложување секогаш ќе се најдат. Стануваме сведоци на медиумски кампањи против нашата земја. Потребни се јасни договорни односи за да се решат отворените прашања на демократски начин – рече Станишев.
Во врска со политичката состојба во Македонија, Станишев го повика владејачкото мнозинство да биде поактивно во преговорите со опозицијата.

– Колку што сме запознаени, барањата на опозицијата се да се состави техничка влада, да се направат промени во Изборниот законик, да има јасна дистинкција помеѓу владата и партиската активност, да нема притисок врз медиумите и да се направи попис на населението за да се исчистат „мртвите души“ од избирачките списоци. Може да не ги прифаќате овие барања, но одговорната позиција на владејачките партии бара тие да почнат преговори и да покажат волја за соработка. Тоа е во интерес на граѓаните. Идејата за спроведување делумни избори, само за испразнетите места во парламентот, само би ја продлабочило политичката криза – рече Станишев.

Македонската делегација го информирала Станишев дека имале разговори со опозицијата и дека ја повикуваат да се врати во Собранието.

– Браќа, само со повици не се решава работата. Треба да им се даде јасен сигнал дека сте подготвени за преговори, за да има опозицијата причина да одговори – заклучил Станишев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...