fbpx

Заев: Не ги објавуваме доказите затоа што немаме институции

-

Ја фрливме ракавицата и пред Груевски и пред целата македонска јавност, апсолутно знаејќи за што зборуваме. За она што го очекуваме од тие докази и аргументи, гарантираме со својот политички кредибилитет, толку многу веруваме во нив, изјави синоќа во Кавадарци лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Знаете како беше со „Македонска банка“? Со „Актор“? Со имотите на Мијалков? Со становите на властодршците во Скопје? Ја објавивме аудиоснимката? Молк. Молк. Страв им беше на луѓе да ја погледнат снимката. Се криеја дома од своите жени за да ја видат и, разбирливо, за да не наштетат на семејството. Медиумите никаде не ја пренесоа. Видовте како постапуваат Јавното обвинителство и судството? Видовте колку имаме правна држава во нашата земја? Видовте која е разрешницата на обелоденувањето на аргументите и на доказите? Сите знаеме дека ако имаме институции во државата, ако имаме Министерство за внатрешни работи, за државата, не за партијата на власт, ако имаме Јавно обвинителство како што треба, ако имаме судови, ако имаме антикорупциска комисија, досега опозицијата ќе ги приложеше таму аргументите и ќе беше заборавен Груевски – изјави Заев.

Сите кои бараат во моментов доказите да бидат испорачани, рече Заев, треба да знаат дека не би биле со искрена намера кон државата, ако добро не го осмислиме тоа, ако навремено, во согласност со нашата стратегија, не го направиме, ако не сме убедени дека ќе даде резултат, отрезнување и нормализирање на државата наша, јас би рекол и заминување на злото од Македонија, и сè до тогаш нема да ги направиме чекорите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...