Заев: Забеган обид на власта да ги спречи „бомбите“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека акцијата „Пуч“, во која полицијата го сомничи за наводно недемократско преземање на власта, не е ништо освен забеган обид на власта да ги спречи таканаречените бобми кои СДСМ подолго време ги најавува, пренесе „Нова ТВ“.

– Ова не може да се толкува поинаку! Ова е забеган обид на власта да ги спречи бомбите, вистините, аргументите и доказите дека тие се оние што правеле зло, а мојата вина е што дознав – вели Зоран Заев.