fbpx

Зоран Заев го честиташе големиот христијански празник Водици

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници.

„Вам лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желба и со надеж дека празникот на духовното раѓање ќе ја зголеми и дополнително ќе ја поттикне вербата во правдата и во вистината, како едни од најголемите искушенија пред кои сме исправени денес, како луѓе, како заедница и како општество.

Ако храбоста на Исус Христос е ѕвезда-водилка по патот на предизвиците, да се биде човекољубив, правичен, несебичен, солидарен, толерантен, секогаш на страната на доброто над злото, тогаш нека овој голем ден, Богојавление – Водици, ја разбуди во нас истата таа храброст, уште порешително да одговориме на овие наши свети обврски.

На сите верници им посакувам празникот да го поминат во спокој, меѓу семејството и саканите, исполнети со љубов, со духовна подготвеност за меѓусебно разбирање, почитување, независно од различностите по која било основа.

Само така, заеднички можеме да живееме мирно и благословено“, се вели во честитката од Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...