fbpx

Заев: Граѓаните веќе не се плашат, секојдневно доставуваат докази за криминал

-

„Овие денови, гледате, и еден медиум објавува афера за издавање пасоши во приватни станови, коишто сите знаеме како можат да бидат искористени. Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостига пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, во согласност со законот. Таа е должна на внимателен начин да испорача професионалност и стручност дека сето тоа ќе се провери, ќе се види веродостојноста, а не уште првиот ден да вели дека станува збор за монтажа“, истакна на синоќешната трибина во Гостивар, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Кога проверија оти е монтажа? Кога видоа дали е монтажа? Се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува штосе случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади „Фокус“, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека сè е партија – рече Заев.

Тој нагласи дека афери излегуваат секој ден и тоа не може никој да го спречи.

– Тоа е резултат на нивното работење. Најверојатно морале така да се постават во државата и од денеска веќе гледате како на секој чекор се случуваат афери. Дел од нив, продуцирани од нивните министри, дел ги вадат медиумите, оние малку што не се под контрола на власта. Но, огромен дел од граѓаните се охрабруваат и доставуваат информации и кај нас како опозиција, и кај медиумите. Заедно сите да се охрабриме и да се одважиме. За нашите семејства, за нашите општини, за нашата земја се работи! Ние немаме ниту друг народ, ниту друга Македонија! Ова е нашата земја и, рамо до рамо, во периодот којшто претстои, на добро осмислен и внимателен начин, верувајќи во успешноста на тоа што ќе го правиме, повторно ќе ја вратиме слободата и демократијата во Македонија! Заедно сите! – заклучи Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...