fbpx

Заев: Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце

-

Слободоумните граѓани да соберат храброст и да не се плашат бидејќи оваа власт мора да замине, порача синоќа од Велес, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце. Нашите бомби се со докази и како што гемиџиите некогаш со бомби го тргнаа теророт, така и ние со нашите бомби ќе го тргнеме. Ова ропство ќе замине – рече Заев.

Заев истакна дека медиумскиот протстор е под целосна контрола, а власта ги купува медиумите кои треба да бидат коректор на власта.

– Понижувачка е и состојбата во образованието, екстерно ќе има, но за Груевски и за Владата. Не ни чинат работите, затоа не смееме при очи да бидеме слепи, а при уши – глуви. Не треба никој да се избори за нас, сами треба да го направиме тоа – рече Заев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...