fbpx

#Бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак и #Тамара го возбудија македонскиот интернет

-

Значително ослабнат интернет, голем број на веб-портали што не се отвораат или за кои долго се чека да се отворат за некоја информација поврзана со „бомбата“, огромна раздвиженост на социјалните мрежи – ова се резултатите од настанот на денот, односно прес-конференцијата на Зоран Заев, која стана и настан на интернетот во поновата македонска историја.

Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и новинари, за време на конференцијата за медиуми твитаа во реално време под хаштагот #бомба. Овој хаштаг досега има има 4.085 твитови. Вчера на овој хаштаг имало 2.477 твита, а на осми февруари (пред два дена) на овој хаштаг имало само 112 твита.

забавеност на веб-страниците и повремено паѓање за време на прес-конференцијата на Заев имало и на веб-порталите „Плусинфо“, „Либертас“ и „Нова ТВ“. Сите тие, како и агрегаторот „Тајм.мк“ имале рекордна, досега незабележана посетеност.

– Според нашите сознанија, повременото паѓање и забавување што го имаше на нашата веб-страница се должи на огромен број посети за краток рок. Секогаш кога има настани што предизвикуваат голем интерес кај јавноста, веб-страницата забавува – вели Бранко Героски.

„Мета“ контактираше и со телефонските и со кабелските интернет-оператори, од каде велат дека немале технички проблеми туку дека станува збор само за преоптовареност на сообраќајот.

– Во текот на вчерашниот ден, целиот сообраќај во мрежата на „Вип“ се одвиваше редовно и без никакви прекини – велат од „Вип“.

Од мобилниот оператор „Оне“, велат дека интернетот вчера не бил слаб, туку поради преголемата оптовареност бил забавен.

И од кабелскиот оператор „Телекабел“ велат дека во тој период немале технички проблеми или прекини во Скопје ниту, пак, имале пријави од граѓани.

Вчера, на агрегаторот за вести „Тајм.мк“, во еден момент за време на конференцијата за медиуми на СДСМ, имало 5.766 посети на веб-страницата. Ова, како информација, вчера на „Твитер“ го постираше Игор Трајковски, основач на „Тајм.мк“.

Социјалната мрежа „Твитер“ беше најбрзиот медиум преку кој беа пренесувани детали од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Твитер-профилот наречен „Маседонија трендинг“ (Macedonia Trending) ги мери најпопуларните теми, твитови и твитерџии во Македонија кои ги генерира компјутерски. Според него, вчера најкористени хаштагови биле #бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак, #ДоброУтро, #Ж, #Тамара и #ПравдаЗаТамара. На хаштагот #Тамара, за малечката Тамара од Велес која почина вчера, има вкупно 541 твитови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...