fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори на 24 април

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва добил едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција да не учествуваат на изборите на 24 април. „СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија...

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

Денешниот ден беше полн со политички пресврти. Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино. „Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на...

Заев: Преговорите пропаднаа, не е постигнат договор

Пропаднаа преговорите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино откако вечерва лидерите не постигнаа договор за спорните прашања на лидерската средба заедно со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Работната група на СДСМ, предводена од лидерот Зоран Заев, ги напушти преговорите со образложение дека тие нема да учествуваат на избори доколку се одржат на 24 април. -...

Груевски: Рано е за изјави, сега одам да отворам фабрика

Премиерот Никола Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, не даде изјава за медиумите. Тој кусо рече: „Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“. Тој на средбата беше придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, координаторот на пратеничката група...

Груевски со пола владин кабинет на средба со Хан

Премиерот Никола Груевски, придружуван од Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер, тукушто пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Се очекува еврокомесарот Јоханес Хан да има одделна средба со претставниците на владејчката партија. По завршувањето на оваа средба треба да пристигнат претставниците на ДУИ, а потоа и на ДПА. Оттако ќе завршат поединечните средби, треба да...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Хан: Се надевам дека ова ќе биде добар ден

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, само кусо рече дека се надева дека денот ќе биде добар. - Моментално немам што да изјавам, можам само да ви кажам дека се надевам дека денот ќе биде добар – рече Хан. Веднаш по Хан,...

Заев: Груевски призна дека тој е причината за политичката криза

Денешната изјава на Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на Договорот од Пржино и дека тој е причина за политичката криза во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешната изјава за медиумите како реакција на обраќањето на премиерот Никола Груевски, во кое тој ја најави својата оставка,...

Вечерва обраќање и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 20.30 часот во седиштето на СДСМ ќе даде изјава за медиумите, во која се очекува да го изнесе ставот на партијата по обраќањето на премиерот Никола Груевски, а пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на земјава. Груевски, во своето обраќање до јавноста соопшти дека утре наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,...

Заев: Без прочистен избирачки список и без договор за медиумите, не се можни фер избори

Спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори биле тема на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, одржана попладнево, соопшти СДСМ. „Без прочистен избирачки список и без обезбедување механизми за професионално известување на медиумите, не се можни фер и демократски избори“, рекол Заев на средбата. На средбата, како што...

Со чистка на актерите од „бомбите“, СДСМ го спрема теренот за избори

Преку активностите на своите министри во најважните владини ресори и институции, сè поочигледно е дека СДСМ го подготвува теренот за престојните предвремени парламентарни избори, за кои лидерот на партијата, Зоран Заев, во секоја пригода истакнува дека мора да бидат кристално чисти. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во декември ги разреши началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Куманово,...

Кој кому наредил Заев да даде интервју на „Канал 5“?

Можеби некој ѝ рекол на Лидија Богатинова да ги ослободи медиумите, изјави за „Мета“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето кој му наредил да дојде на интервју во телевизија „Канал 5“, дилема што ја загатна главната уредничка на овој национален медиум. Имено, во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на Заев...

Заев: Избори ќе има кога ќе се исполнат сите услови

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за телевизијата „Канал 5“ соопшти дека на граѓаните, доколку победи на изборите, ќе им понуди транспарентно носење на буџетот и слобода на медиумите. Интересно е дека во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на Заев: „Ова интервју немаше да...

Заев: Партиите имаат обврска да ги исполнат очекувањата за фер и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел. На средбата се разговарало за спроведувањето на Договорот од Пржино и за потребата од негова суштинската имплементација. Заев рекол дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување...

Котевски за изјавата на Заев за можно одложување на изборите: 24 април е круната на Договорот од Пржино

Секој обид да биде загрозена крајната цел на Договорот од Пржино, односно изборите на 24 април, е загрозување на целокупниот договор и на конечниот излез од политичката криза, вели за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, запрашан за коментар за денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека со еврокомесарот Јоханес Хан ќе се разговара...

Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година. Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе се дојде до заклучок дека септември е идеален датум“, но истакнува дека сè уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели,...

Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и за рахабилитација во Банско. Пријателството меѓу Заев и штитениците на домот трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев на своите пријатели им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа.

Заев: 2016 година ќе биде година на правдата

Во новогодишното обраќање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека во 2015 година вистината го осветлила патот, а по неа ќе дојде правдата. - По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016 година ќе биде година на правдата. Ќе можеш да ја добиеш во правични институции. Ќе живееш во правично општетство. Затоа што на правични избори ќе одлучиме праведно, за себе, за своите деца, за...

Заев ги предаде материјалите од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зора Заев, заедно со Радмила Шекеринска и со Дамјан Манчевски, денеска ги предадоа сите прислушувани материјали и транскрипти на Специјалното јавно обвинителство. Како што рече Заев, добиле информација, а и ги виделе новите сефови во кои ќе се чуваат материјалите. - Денеска ги предадовме материјалите на Специајалното јавно обвинителство и им посакавме среќна Нова година и успешна...

Заев: На избори само со гаранции од ДИК и од Хан

Избори на 24 април 2016 година ќе се одржат само ако се гарантира дека тие ќе бидат фер и демократски, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, цврсти гаранции дека се исполнети условите за демократски избори треба да даде Државната изборна комисија. Тој вели дека само таа е надлежна да објасни дали во периодот што преостанува има време да...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...