fbpx

Заев: Партиите имаат обврска да ги исполнат очекувањата за фер и демократски избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел.

На средбата се разговарало за спроведувањето на Договорот од Пржино и за потребата од негова суштинската имплементација.

Заев рекол дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување фер и демократски избори.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Продолжуваме со нашата посветеност и очекуваме сите страни да ги исполнат своите обврски како што е предвидено. Политичките партии имаат обврска пред граѓаните да ги исполнат очекувањата за слободни, фер и демократски избори“, рекол Заев пред европратениците.

Заев изразил и жалење што не се спроведуваат реформи во клучни области, директно поврзани со изборниот и со предизборниот процес.

„Регулирањето на состојбата во медиумите и прочистувањето на избирачкиот список не се обврски само од Договорот од Пржино. Овие две области, уште пред објавувањето на проектот „Вистината за Македонија“, сите релевантни меѓународни организации ги посочија како клучни сфери во кои мора да се спроведат сериозни реформи за обезбедување гаранции за фер и демократски избори. Слободата на медиумите и слободата на говорот се директно поврзани со демократскиот амбиент во предизборниот период. Прочистен, кредибилен избирачки список ја враќа довербата кај граѓаните во овој исклучително важен сегмент од изборниот процес, кој треба да гарантира почитување на слободно изразената волја на граѓаните. Впрочем, тоа е и законска обврска“, додал Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...