fbpx

Ковачевски: Членството во ЕУ во 2030 е амбициозна, но остварлива цел

-

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент. На средбата, европратениците се сложиле дека движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на Европското семејство.

„Членството во ЕУ игра клучна улога во консолидирањето и унапредувањето на македонскиот идентитет. Слично како и другите европски нации, членството во ЕУ нуди трајна заштита на македонскиот идентитет и во европски и во глобални рамки. Скрининг процесот беше тежок државнички процес, но претставува најдобар механизам за спроведување реформи кои ќе придонесат за зајакнување на демократијата и создавање зрело општество со силни и ефикасни институции. Оценките кои ги добиваме од ЕК се одлични. Нашата подготвеност и транспонираност на европското законодавство е на завидно ниво“, рече Ковачевски.

Заклучокот бил дека социјалдемократската политика е предводник за мирот, спроведувањето на демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои биле опфатени со претходните проширувања.

Како што информираат во Владата, во дискусијата пратениците се согласиле дека Европскиот фронт е сигурна патека за водење на земјите од Западен Балкан кон успешно вклучување во Европската Унија.

Европратениците ја истакнале важноста на превземањето на обврските на македонскиот парламент кој во овие важни моменти потребно е да ја превземе одговорноста со усвојување на уставните амандмани и овозможување на државата да оди напред кон реализација на европската агенда и полниправно членство во ЕУ.

„Европратениците и посакаа на македонската делегација да се придружат на европарламентот и тоа час поскоро, истакнувајќи дека Северна Македонија припаѓа на Европското семејство, без сомнение дека Северна Македонија ќе успее да биде дел од Унијата до 2030 година, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања“, наведено е во владиното соопштение.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...