fbpx

Пендаровски не е оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали планира да се кандидира за нов мандат, кусо одговори „не“, за потоа да дополни дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот

-

Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека не гледа простор наредниве месеци, како што се оди кон техничка влада која треба да се оформи на 28 јануари, дека ќе се направи политичка клима во која ќе се изгласаат уставните измени со двотретинско мнозинство.

Тој, по учеството на „Отворениот форум за антикорупција“ потсети дека дека уште пред година и пол сметал дека реалните политички шанси да се изгласат уставните промени се минимални, знаејќи ги, како што посочи јавно декларираните ставови на опозицијата која, според него, без аргументи е влезена во таа работа.

„Ме прогласуваа за евроскептик или дури некои велеа дека сум се откажал од европскиот пат. Како што ќе одиме во наредниов период кон изборите и кон техничка влада, ќе биде сè потешко власта и опозицијата да направат политички консензус, без разлика што ќе бидат во иста техничка влада од јануари“, изјави Пендаровски.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали планира да се кандидира за нов мандат, кусо одговори „не“, за потоа да дополни дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот.

Пендаровски за претходниот мандат беше поддржан од  коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Шефот на државата на 19 декември ќе се обрати пред пратениците на собраниската седница закажана за 12 часот. Обраќањето на Пендаровски годинава е во период на веќе договорен датум за одржување на претседателските и на парламентарните избори, односно првиот круг од изборите за шеф на државата треба да се одржи на 24 април, а на 8 мај ќе се одржи вториот круг од претседателските заедно со парламентарните избори, како што се договорија политичките лидери во понеделникот на лидерската средба во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...