Државата глува на наодите за корупција од ревизорите и од антикорупционерите

Државниот завод за ревизија до Јавното обвинителство за 2022 година доставил 22 извештаи за 20 институции, од кои досега повратна информација имаат добиено само за пет конечни ревизорски извештаи, беше кажано на денешниот Отворен форум за антикорупција

-

Државниот завод за ревизија до Јавното обвинителство за 2022 година доставил 22 извештаи за 20 институции, од кои досега повратна информација имаат добиено само за пет конечни ревизорски извештаи. Ова денеска го изјави Максим Ацевски, главниот државен ревизор, посочувајќи дека не е задоволен од начинот на постапување на надлежните институции по конечните објавени ревизорски извештаи.

„Досега повратна информација имаме за пет конечни ревизорски извештаи, од кои за еден конечен извештај нема да се постапува, додека за четири конечни ревизорски извештаи преземени се мерки и се бара дополнително постапување од надлежните органи. Силно верувам дека таквото раздвижување и преземање на конкретни мерки по конечните ревизорски извештаи во иднина ќе продолжи со интензивно темпо, рече Ацевски на денешниот панел на „Отворениот форум за антикорупција“.

Со сличен став излезе и претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека институциите не покажале декларативни заложби по нивните иницијативи.

„Судејќи според тоа како се постапува по нашите иницијативи и препораки и имајќи предвид дека ефектите се многу ниски, автоматски и мојата оценка е ниска и ми личи дека заложбата за борба против корупцијата е декларативна. Она што се случи со измените во Кривичниот законик мене не ми влева надеж дека борбата ќе се зајакне, туку напротив, ќе создаде нови жаришта на корупција“, рече Ивановска.

Ацевски нагласи дека ако се погледне Извештајот за извршената ревизија на Буџетот за 2022 година, ќе се види дека 16 институции кои користеле кредитни транши од меѓународни извори поради нивната несоодветно постапување, односно ненавремено повлекување на тие кредитни транши, државата има платено 26 милиони евра казнени пенали. За ова, епилог немало.

Тој потсети и дека конечниот ревизорски извештај за работењето на ЈЗУ Клиниката за онкологија и радиотерапија бил објавен во март, но добил значење дури во септември кога се направил дополнителен притисок од страна на медиумите за негово разгледување во Собранието.

„За првпат во историјата на работењето на Државниот завод за ревизија и на работењето на Собранието на нашата држава да се разгледува конечниот ревизорски извештај во Комисијата за финансирање и буџет кој има донесено повеќе заклучоци во кои учествуваше и ДЗР. Напоредно конечниот ревизорски извештај се користеше и како работен материјал во Анкетната комисија во која има одредени заклучоци. Видовме како заврши, рече Ацевски.

Тој потсети дека до Јавното обвинителство се доставени и конечни ревизорски извештаи за работењето на општините, каде што е констатирана негативност во работењето.

Двете институции, Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија се едни од клучните кои ги даваат иницијалните сомнежи за корупција во институциите. На форумот беше потенцирано дека потребна е многу поголема соработка со надлежните со цел да се расчистат овие случаи на кои работеле двете институции.

Денеска на настанот беше презентиран и извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за процена на корупцијата во Северна Македонија.

Отворен форум за антикорупција: Најкорумпирани министрите, пратениците, судиите и лидерите на партиите

 

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...