fbpx

Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан

-

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година.

Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе се дојде до заклучок дека септември е идеален датум“, но истакнува дека сè уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели, за таа одлука треба да разговаат сите потписници на Договорот од Пржино на средбата со еврокомесарот за проширување и за меѓусоседска политика, Јоханес Хан, во Скопје.

– Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално време за одржување на изборите ќе биде во септември. Сепак, за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со другите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски, тие можат да се одржат и на 24 април – изјави за „Мета“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев ни ги потврди неофицијалните информации дека тој на средбите со општинските организици на СДСМ низ Македонија разговара за датумот и за поместување на изборите, но вели дека ни таму не се заклучило ништо конкретно.

Утре во Скопје треба да допатуваат европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, а во текот на неделата се очекува да дојде и еврокомесарот Јоханес Хан, кој треба да ја утврди фактичката состојба од исполнувањето на Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...