fbpx
Таг: железница

таг: железница

Сугарески: Ресорот транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции

За седум месеци од годинава се реализирани 24,5 отсто од владините средства наменети за капитални инвестиции, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска посочи дека капиталните инвестиции во неговиот ресор имаат одлична реализација во периодот јануари - јули. - Во делот на гасификацијата реализирани се 71 отсто од планираните инвестиции, во делот на...

Од странство ќе бараме пари за воведување на аеродромскиот воз

Министерството за транспорт и врски ќе треба допрва да ја изработува физибилити студијата за оправданоста од воведување на директен воз од Меѓународниот аеродром Скопје до Транспортниот центар. Во изјава за „Мета.мк“, од надлежното министерство велат дека тие допрва ќе се одлучат од која меѓународна финансиска институција ќе побараат поддршка за реализацијата на овој проект. - Бидејќи се работи за голем...

Со турски дрезини во иднина ќе се одржуваат македонските пруги

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на РСМ набави две нови дрезини за одржување на железничката инфраструктура во земјава. Станува збор за инвестиција вредна над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, дрезините ќе бидат...

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

За разлика од земјите - членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до посакуваната дестинација. Во случајот на...

ТАВ би сакал да се воведе воз до скопскиот аеродром, но не и да инвестира во него

Воведувањето железничка врска до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би била дополнителна придобивка за патниците, поради што и компанијата што управува со македонските аеродроми, „ТАВ Македонија“ ја поддржува идејата за воведување на аеродромски воз. Сепак, од компанијата велат дека нивната дејност е во областа на аеродромските операции и немаат намера да влегуваат во други бизниси. - Со оглед на тоа што ги...

Заеднички граничен железнички премин со Србија ќе имаме дури во 2023 година

Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Србија во наредните години ќе биде во уште поподредена состојба во споредба со патниот превоз. За разлика од воведувањето на заедничка гранична контрола во патниот превоз на крајот од овој месец, транспортот на патници и стока со воз ќе почека на заеднички граничен железнички премин дури до 2023 година. Спогодбата за воведување на заеднички гранични...

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти за воведување ваков воз. До Град Скопје доставивме прашања за тоа дали постои интерес градската власт...

Половина од кинеските возови се неисправни и четврта година се без технички прием

Не само еден, туку половина од шесте нови кинески гарнитури веќе се неисправни. Оваа информација ја објави вицепремиерот Кочо Анѓушев во вчерашното интервју за телевизија „Сител“. Новите возови веќе четврта година по ред сообраќаат без извршен технички прием, поради тоа што од кинескиот производител се доставени со помалку седишта за патниците од она што било предвидено во тендерската документација...

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Меѓународни возови премалку, граѓаните приморани да плаќаат поскапи автобуски карти (инфографик)

Македонија е една од ретките европски земји каде меѓународниот железнички сообраќај е пред замирање. Покрај отсуството на експресни возови кон поголемите градови во текот на целата година, за граѓаните не се воведени ниту прекугранични возови кон Србија, Грција и Косово. Жителите од пограничните градови се приморани да плаќаат поскапи автобуски билети, поради фактот што националните железнички управи имаат организирано...

Аеродромскиот воз нема да тргне во следните три години

Во Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 - 2021 година не е впишан проектот за воведување на воз од скопската железничка станица до Меѓународниот аеродром „Скопје“. Министерството за транспорт и врски го вклучи овој проект во Националната транспортна стратегија 2018 - 2030 година, но за негова конкретна реализација треба допрва да се изработи физибилити студија, како и...

Анѓушев: Меѓународни институции покажаа интерес за финансирање на железницата и гасоводот

Делегација на Владата што ја сочинуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, предводена од премиерот Зоран Заев, денеска учествувале на форумот „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел. Пред претставници на повеќе финансиски...

Грчката железница засега нема интерес за воведување воз од Битола до Лерин

И покрај тоа што пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница е веќе изградена, на неа во скоро време нема да минуваат патнички возови. Грчкиот железнички оператор - TrainOse не е заинтересиран за воведување пограничен воз меѓу Битола и Лерин. Како што информираат за „Мета“ од Железници на РСМ - Транспорт, на 30 мај во Скопје...

Од 15 јуни со воз до Солун со повратна карта од само 756 денари

Железници на РСМ-Транспорт од 15 јуни повторно го воведуваат експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун. Возот од македонската метропола кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори....

Патувањето со воз продолжува да опаѓа, расте транспортот на стока

Foto: Borce Popovski
Патничкиот железнички сообраќај е во минус со бројот на превезени патници во првите три месеци од 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал со железница биле превезени 130.000 патници или за 1,5 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година. Ваквиот податок доаѓа по годинешново намалување на и онака малиот број возови, и...

Сугарески: Се работи на 90 проекти во должина од 700 километри и вредност од 850 милиони евра

Во моментов се работи на преку 90 проекти, патишта, мостови и патарини со вкупна должина од преку 700 километри и вредност од повеќе од 850 милиони евра, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на увидот во реконструкција на регионалниот пат Драчево - Орешани - Таор. „Само преку Јавното претпријатие за државни патишта во првиот квартал реализирани се...

Градска железница во Скопје: Прво анализа, потоа изградба

Проектот за воведување на градско - приградска железница во Скопје би создал услови за урамнотежен развој на главниот град, но најпрво ќе мора да се направат соодветни студии и да се пронајдат позначајни финансиски средства за неговата изведба. Владата во својата 4 - годишна програма за работа, во делот на инфраструктурата, го има вметнато проектот за воспоставување на приградски...

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско - грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ - Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето на семафорите на влезот и излезот од железничките станици и рампите на железничките премини. На...

Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР

По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција. Од Железници - Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати со подигнатиот заем од Европската...

Додека Албанија гради, Македонија чека пари за железничко поврзување

Албанија е активно вклучена во изградбата на пругата од Коридорот 8 на нејзиниот дел од територијата. На потегот од Тирана до Драч, веќе се одвиваат градежни работи, а во крајна фаза за избор на изведувач за реконструкцијата е и пругата од Драч до Елбасан. Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ Ирфан Асани вели дека тамошната влада...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...