fbpx

Додека Албанија гради, Македонија чека пари за железничко поврзување

-

Албанија е активно вклучена во изградбата на пругата од Коридорот 8 на нејзиниот дел од територијата. На потегот од Тирана до Драч, веќе се одвиваат градежни работи, а во крајна фаза за избор на изведувач за реконструкцијата е и пругата од Драч до Елбасан.

Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ Ирфан Асани вели дека тамошната влада неодамна ја завршила и проектната документација за реконструкција на железничката траса од Елбасан до албанско – македонската граница.

Тој нагласува дека нашата земја уште во 2017 година го изработила целокупниот проект за изградба на пругата од Кичево до албанскиот град Лин. Изготвувањето на проектната документација чинело околу 8 милиони евра, но допрва треба да се бараат извори на финансирање на идната пруга со должина од 62,5 километри.

– Имаме најави од Европската Унија за дел од тие пари да се дадат преку ИПА програмата, но додека немаме нешто конкретно, не можеме да кажеме што и како – вели за „Мета“ директорот Асани.

Првиот човек на претпријатието одговорно за железничката инфраструктура смета дека е реално да се очекува до 2025 година да се пушти во функција возот кон Албанија, но само ако постои волја и начин да се реализира тоа од македонска страна.

Во однос на пругата кон Охрид, посочува Асани, постои идеја да се изгради крак до овој град како дел од идната пруга меѓу двете земји, но ваквото железничко поврзување на Охрид нема да се реализира скоро.

– Би било тешко да поддржиме такво нешто, затоа што има и многу процедури за забрана. Пред сè, има во делот на заштита на културното наследство и УНЕСКО“ – потенцира директорот на ЈП за железничка инфраструктура.

Проектната документација за изградба на пругата од Кичево до македонско – албанската граница ја работеше конзорциумот од француската компанија „Луи Берже“ и шпанската „Тиса“. Идната железничка линија кон Албанија би се состоела од едноколосечна електрифицирана пруга, но допрва ќе треба да се електрифицира и пругата меѓу Скопје и Кичево, на која претходно ѝ е неопходно да се изврши соодветна реконструкција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...