fbpx
Таг: железница

таг: железница

Пристигнаа новите локомотиви, до 2022 година треба да се обноват шест моторни возови

Во Скопје деновиве пристигнаа последните три од нарачаните четири електрични локомотиви за потребите на Железници - Транспорт. Новите кинески локомотиви постепено ќе се пуштаат во сообраќај за потребите на товарниот железнички сообраќај, а една од нив веќе е ставена во функција за влечење на товарните возови. Инвестицијата за обнова на возниот парк е во висина од 7 милиони евра,...

Реформите во железничкиот сектор ќе го чекаат завршувањето на изборите

И покрај тоа што беше ветено дека ќе биде изработена до крајот на 2019 година, анализата за преструктурирање на Железници на РСМ - Транспорт и можните модели за нејзина реализација ќе бидат готови до средината на 2020 година. Изборот на модел на преструктурирање и отпочнувањето на реформите во железничкиот сектор ќе се случи по завршувањето на предвремените парламентарни избори. Избраниот...

Годинава ќе се инвестираат над 31,7 милиони евра во железничката инфраструктура

Почеток на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, завршување на изведбата на железничката делница Куманово - Бељаковце и почеток на реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 8 се трите главни проекти што планира да ги реализира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во 2020 година. Во изградба, реконструкција и надградба на железничката инфраструктура за годинава се...

Плински боци не се користат за греење на патничките возови, тврдат од железница

Железници на РСМ - Транспорт ги демантираше информациите на ВМРО - ДПМНЕ дека патничките вагони на возовите во земјава се затоплуваат на плински боци. Од железничкото претпријатие тврдат дека во ниту еден случај не е дозволено користење на плински боци за загревање на вагоните. Реакцијата доаѓа по вчерашната информација на ВМРО - ДПМНЕ дека плински боци се вградуваат за...

Железниците на Македонија и Турција разговараат за воведување воз Скопје – Солун – Истанбул

Железници на РСМ - Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул - Солун - Скопје. Како што информираат од нашиот железнички оператор, директорот Орхан Муртезани разговарал за ова прашање за време на состанокот со генералниот директор на Турските железници (TCDD) на крајот од минатиот месец. Од државните железници на Турција доаѓа и...

Бертолини: Ризикувате да ги изгубите парите од ЕУ за пругата кон Бугарија

Изградбата на пругата кон Бугарија не напредува како што треба, а земјава ризикува да ги изгуби дадените средства од ЕУ доколку не постои никаков напредок во реализацијата на железничкото поврзување. Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во изјава за „24ТВ“ тврди дека Македонија недоволно ги користи ЕУ-фондовите. - Ние дадовме 70 милиони евра...

И догодина ќе нема доволно субвенции за патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт догодина од државниот буџет ќе ја добие идентичната сума како и годинава за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на минатонеделното презентирање на проектираниот буџет за ресорот транспорт за 2020 година посочи дека државната железница ќе добие 430 милиони денари (седум милиони евра) за помош на железничкиот транспорт...

Ќе се изготвува проектот за изградба на мултимодален транспортен хаб во Трубарево

Постојната главна товарна железничка станица во Скопје (Ранжирна - Скопје југ) кај селото Трубарево во иднина треба да постане мултимодален јазол што ќе служи како централен хаб при транспортот на стоки во земјава. Тендерот за изработка на проектната документација за изградба на мултимодалниот јазол треба да биде објавен наредниот месец, се вели во информацијата од Министерството за финансии објавена...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

Железница предвидува два патнички воза помалку во возниот ред за 2020 година

Наместо зголемување на бројот на патнички возови, догодина е можно да сообраќаат помалку патнички возови во земјава. Според постојниот Нацрт - возен ред за 2020 година, од 15 декември би сообраќале по два воза помалку од железничката станица Скопје. Експресниот воз „Хераклеа“ на релација Скопје - Битола - Скопје е отстранет од возниот ред за наредната година. Оваа најбрза...

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет (637) на Министерството за...

Железници – инфраструктура подготвена да биде носител на проектот за воз до аеродромот

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на РСМ е подготвено да биде носител на проектот за поврзување со воз на Меѓународниот аеродром Скопје. Од таму за „Мета.мк“ велат дека идејата за воведување на воз до аеродромот е разгледана уште пред 20 - тина години. Во консултација со владата и со ресорното министерство, најпрво треба да се обезбедат финансиски средства...

Македонија меѓу последните во регионот ќе прави реформи во железничкиот транспорт

Заедно со Албанија и Косово, нашата земја останува меѓу последните во регионот што ќе прави реформи во железничкиот транспорт. Железници на РСМ - Транспорт засега е единствениот транспортен оператор во Македонија, што не е случај и во другите балкански земји. И Србија успеа пред нас да изврши поделба на државната железница на две претпријатија - „Србија воз“ надлежна за...

За да расте бројот на патници, мора да има повеќе возови дневно (инфографик)

Од скопската железничка станица годинава поаѓаат најмал број на патнички возови кон дестинациите во земјава и странство. Со само 16 поаѓања во едно деноноќие, урнат е рекордот на најмал број на патнички возови што поаѓале од главната железничка станица во земјава. Слична ситуација имало во 2005 година, но во тој период пругите кон Кичево и Кочани биле затворени за...

Идеја постои, нема волја за инвестирање во воз до аеродром (видео + инфографик)

Патувањето од скопските населби до Меѓународниот аеродром знае да чини и до 20 евра во еден правец, односно да биде поскапо и од самиот лет со нискобуџетна компанија. Доколку не се користи такси, цената на билетот за директната автобуска линија до аеродромот е 180 денари, но возниот ред не секогаш одговара на полетувањата и слетувањата на авионите од аеродромот....

Железницата во земјава со драстично помал удел во транспортот на стоки споредено со ЕУ (инфографик)

Македонските железници се на самото дно на европските земји во кои се користат возовите за превоз на стока. Камионскиот транспорт во последниве години целосно го зема приматот во товарниот сообраќај, оставајќи им зад себе трошки на железницата. Само 3,1 отсто од вкупните остварени тонски километри во 2016 година биле остварени во железничкиот товарен превоз, додека преостанатите 96,9 отсто припаѓаат...

Или се на одмор или на боледување: Три месеци нема одговори за железничката инфраструктура

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе трет месец не доставува одговори на поставените прашања за неколку значајни проекти. „Мета.мк“ изминатово лето во повеќе наврати испраќаше барања за одговори по електронска пошта, а во неколку наврати се обиде и телефонски да добие податоци за значајни теми за железничката инфраструктура. Од јули до денес, ниту едднаш не е одговорено...

Возовите на пат да изумрат (видео)

Foto: Borce Popovski
Во светот веќе се измислени лебдечки возови, а ние дозволуваме нашата железница да изумре, вели Кика Авеиро во незиното ново видео, каде се присетува на деновите кога уживала да се вози со возовите на Македонски железници. Бројот на патници континуирано се намалува во последните неколку децении. Погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=W_p7Ozz8tDs&t=1s

Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово - Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. - Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да се надминат за да продолжиме...

Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини. Бројот на патници кои патуваат со воз кон...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...