fbpx

Анѓушев: Меѓународни институции покажаа интерес за финансирање на железницата и гасоводот

-

Делегација на Владата што ја сочинуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, предводена од премиерот Зоран Заев, денеска учествувале на форумот „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел.

Пред претставници на повеќе финансиски институции биле претставени инфраструктурни проекти за изградба на патна, железничка и енергетска инфраструктура.

„Разговаравме за подобрување на регионалната соработка и подобро поврзување на нашата земја со другите земји во регионот, при што ги претставивме проектите од патната и железничката инфраструктура, енергетско поврзување, односно изградба на далекуводи и гасоводот кон Грција. Презентиравме дека во нашата земја се отворени проекти за изградба на патна инфраструктура во вредност од над 1 милијарда евра, а посочивме дека е интензивирана изградбата на железницата кон Бугарија. Финансиските институции покажаа интерес во делот на финансирање на железничката делница кон Албанија на релација Кичево-Лин, во смисла на енергетика, постои интерес за финансирање на интерконективниот гасовод со Грција, повеќе финансиски институции покажаа интерес за овие проекти. Дополнително разговаравме за можност на финансирање на автопатската делница Скопје-Блаце, за подобро поврзување и интензивирање на соработката помеѓу нашата земја и Република Косово“, нагласи Анѓушев.

Меѓународните финансиски институции ќе ги финансирале ифраструктурните проекти преку грантовата шема за Западен Балкан, а дел од нив преку кредитирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...