fbpx

Патувањето со воз продолжува да опаѓа, расте транспортот на стока

Опаѓањето на бројот на патници се должи на несообраќањето на експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун, како и на привременото укинување на експресниот воз „Пелагонија експрес“ меѓу Скопје и Битола

-

Патничкиот железнички сообраќај е во минус со бројот на превезени патници во првите три месеци од 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал со железница биле превезени 130.000 патници или за 1,5 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Ваквиот податок доаѓа по годинешново намалување на и онака малиот број возови, и тоа поради несообраќањето на експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун и привременото укинување на експресниот воз „Пелагонија експрес“ меѓу Скопје и Битола.

Статистичките бројки покажуваат дека на почетокот од годинава со воз биле превезени 438.000 тони стока, што претставува зголемување на обемот на работа за 2,8 отсто во однос на првиот квартал од 2018 година. Статистичкиот извештај за превезени патници и стока во првото тримесечје од 2019 година покажува зголемен обем на работа кај товарниот железнички сообраќај во споредба со последниот квартал од 2018 година.

Во 2018 година возот како превозно средство го користеле само 540.000 патници. Македонските граѓани сè помалку патуваат со воз, поради фактот што постојано се намалува бројот на возови. Па така, од Скопје до Кичево и до Кочани сообраќа само еден воз дневно, меѓу Скопје и Гевгелија има само два воза дневно, додека кон Битола може да се патува со три воза дневно. Кај странските дестинации, во моментов има брз воз единствено кон Приштина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...