fbpx

Аеродромскиот воз нема да тргне во следните три години

-

Во Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 – 2021 година не е впишан проектот за воведување на воз од скопската железничка станица до Меѓународниот аеродром „Скопје“. Министерството за транспорт и врски го вклучи овој проект во Националната транспортна стратегија 2018 – 2030 година, но за негова конкретна реализација треба допрва да се изработи физибилити студија, како и проектна документација за изградба на пруга долга од 3 до 5 километри и на идната железничка станица на самиот аеродром.

Предложената верзија на Националната програма за железничка инфраструктура за следните 3 години денеска се најде на разгледување пред пратениците на 102. седница на Собранието. Во изработениот документ се вклучени веќе започнатите проекти за реконструкција на пругата на Коридорот 10, изградбата на железничката линија кон Бугарија и подготовката на предфизибилити студии и техничка документација за неколку проекти, но не и за аеродромскиот воз.

„Мета“ веќе пишуваше дека државата и ТАВ треба заеднички да пристапат кон изработка на студијата за изводливост на проектот. Евентуалната оправданост за воведување на аеродромскиот воз, која би била утврдена со физибилити студијата, ќе може да ги отвори вратите за аплицирање за средства за овој проект од ЕУ или од меѓународните финансиски институции.

Како што се наведува во Националната транспортна стратегија, искористеноста на железничката инфраструктура во Скопскиот регион во 2015 година изнесувала само 19,1% од нејзиниот капацитет. Од друга страна, авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје продолжува да расте, со очекувања дека во 2022 година ќе ја достигне бројката од 3 милиони патници годишно. Железничката врска од аеродромот до Скопје би била една од линиите на градската железница, која пак треба да го растерети сообраќајниот метеж во главниот град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...