fbpx
Таг: здравство

таг: здравство

Граѓаните не смеат да останат без здравствени услуги, велат од СДСМ

„Со попречувањето на мнозинската волја, ВМРО-ДПМНЕ ја попречува и изградбата на нов, современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје што ќе гарантира висококвалитетни здравствени услуги на граѓаните во целата држава и ќе го врати концептот на единствен клинички центар во кој клиниките ќе бидат функционално поврзани“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека граѓаните не смеат...

Лицата со хендикеп имаат ограничен пристап до здравствените услуги

Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги, иако во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување 26 години. Ова го покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“, кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој „Преда плус“, во соработка со...

СДСМ ветува укинување на партиципацијата за болничко лекување

Новата реформска влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување и ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници, изјави денеска на прес-конференција Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ. - Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски...

Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на итната помош, обвинува СДСМ

Набавените 69 возила на итната медицинска помош, до кои се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња, па бебињата за кои е потребна итна интервенција се превезуваат со стари возила кои често се расипуваат, обвинија денеска од СДСМ. - Откако завршија два човечки животи во возило на итната медицинска помош, кое се расипа на патот од Крива Паланка...

СДСМ: Тодоров да престане да се фали со лекови стари повеќе од една деценија

Министерот во заминување Никола Тодоров да престане да манипулира со ранливите категории на граѓани и лековите кои се стари повеќе од една деценија да им ги претставува како нови и револуционерни. „Лекот „сорафениб“ за карцином на црн дроб е во употреба веќе 10 години, „оксалиплатин“ е 21 година во употреба ,а „бевацизумаб“ е лек со лиценца стара 11 години. Ова...

ВМРО-ДПМНЕ: Со „Мој ѓердан“ и со „Мој стент на црно“ не се подобрува здравството

Во време на СДСМ, македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), реагираат од ВМРО-ДМНЕ на прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ од СДСМ, за состојбата на македонскиот здравствен систем. „Факт е дека ова е така затоа што ЕХЦИ не рангира корупција, купување ѓердани за колешките како што тоа го правеше Владо Димов од СДСМ, ниту, пак,...

Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, соопшти Мехмедовиќ

Поразителната вистина за здравствениот систем е дека Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните, изјави денеска Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ. - Тоа што го крие и за што лаже криминалната власт во заминување, го соопшти Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ). Истражувањето за...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ своевремено во здравството го имплементираше системот „Мој ѓердан“

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите што ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за состојбата на македонското здравство. „Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој термин“...

СДСМ: По „Мој термин“, Македонија паднала 4 места поради лош здравствен систем

Воведениот „Мој термин“ во здравството и другите лажни реформи на власта во заминување, им го отежнаа лекувањето на луѓето, поради што се итно потребни промени за заштита на здравјето на граѓаните, порача денеска СДСМ. „Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека...

Доналд Трамп и официјално стана 45. претседател на САД

Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 45. претседател на САД. Неговата инаугурација во Капитол хил ја следеа 900.000 луѓе. Откако положи заклетва над Библијата, Трамп се поздрави со семејството и го почна својот говор, во кој, меѓу другото, зборуваше и за проблемите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави. - Проблемите со сиромаштијата, здравството, образованието, криминалот и дрогата сега ќе...

Грипот коси, но далеку сме од условите за прогласување епидемија

Надлежните институции досега не прогласија епидемија на грип иако бројките на заболени се алармантни и далеку поголеми од вообичаените случаи во претходниот период. Сепак, еден од условите за прогласување на епидемија е да има „невообичаено зголемување на бројот на заболени со компликации или смртен исход“. Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека заклучно со први јануари биле пријавени 9.485 новозаболени...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ залудно се обидува да фрли дамка на здравствениот систем

СДСМ веќе десет години фрустрацијата што не е на власт, ја лечи со срамни обиди за дискредитирање на капиталните проекти кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Залудно се обидува СДСМ да фрли дамка на здравствениот систем во кој се спроведува најголемиот инвестициски циклус во...

СДСМ: На кардиологија нема апарати за кислород

„Апарати за кислород нема на ниту едно одделение освен на интензивна нега. Вработените се вознемирени бидејќи на одговорност им се пациенти за чие евентуално нарушено здравје тие ќе треба да одговараат. Состојбата на клиниката за кардиологија е алармантна! Додека Груевски и Тодоров глумат по телевизии, во оваа клиника, за пациентите оперирани од срце нема апарати за кислород!“, изјави претседателот...

Прилепчани бараат подобро здравство, порачаа активистите на „Ние одлучуваме“

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска одржа перформанс во центарот на Прилеп. Активистите од црно-жолтиот камион емитуваа аудиопораки на акцијата, а впечатливоста на перформансот беше засилена со пиротехнички средства, банери и со знамиња. „Повеќе од дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптоварени граѓаните на Прилеп и на Македонија. Прилепчани бараат подобро здравство,...

Шилегов обвини дека Владата одбила барања за реконструкција на болници

Петре Шилегов ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и притоа приложи документи од Владата со кои тој тврди дека неколку барања за обнова на здравствени установи и за набавка на медицинска опрема биле одбиени со едно исто образложение - да не се преземаат активности што создаваат нови финансиски обврски за буџетот. - Лагите и лицемерието на Никола Груевски и на Никола Тодоров немаат крај. Последниве денови...

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството во времето на СДСМ беше еден од најзапоставените ресори

Петре Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите што ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ. „Кога е здравството во прашање, СДСМ не отстапува од залудните очајнички обиди стопати да каже лага и да се надева дека ќе успее...

Шилегов: Груевски излажа дека ќе вложи 33 милиони евра во здравството

Никола Груевски денеска излажа дека ќе вложи 33 милиони евра за медицинска опрема и за апарати во здравството, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Во буџетот на Македонија не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството. И 4,5 милиони...

Груевски најави 3.700 апарати за 100 здравствени установи за 33 милиони евра

Набавка на нова медицинска опрема за здравствените установи во секој град во земјава, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на проектот во областа на здравството во Музејот на македонската борба. Тој истакна дека во секој град во земјава ќе набават нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница, здравствен...

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска ѝ слугува на фабриката за афери на СДСМ

Јагода Шахпаска е најдобар пример за тоа како се уништува професионалниот интегритет на еден доктор, во моментот кога таа одлучила да им слугува на фабриките за афери на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска. „Кога Шахпаска треба да биде портпарол на „клиниката за некрофилија во СДСМ“, единствената клиника што СДСМ ја направиле во здравството и е сместена...

Шахпаска: Груевски и Тодоров имаат пари за мебел, но не и за здравјето на граѓаните

Пратеничката Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција во Собранието обвини дека смртните случаи во болниците се сè почести, а власта со ребалансот на буџетот го намалува обемот на средства за Министерството за здравство. - Новороденчиња  умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, а власта на...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...