fbpx

СДСМ: На кардиологија нема апарати за кислород

-

„Апарати за кислород нема на ниту едно одделение освен на интензивна нега. Вработените се вознемирени бидејќи на одговорност им се пациенти за чие евентуално нарушено здравје тие ќе треба да одговараат. Состојбата на клиниката за кардиологија е алармантна! Додека Груевски и Тодоров глумат по телевизии, во оваа клиника, за пациентите оперирани од срце нема апарати за кислород!“, изјави претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Гоце Чакаровски, пред клиниката за кардиологија во Скопје.

Повикувајќи се на информации од лекарски и од медицински персонал, тој истакна дека не работат апаратите за ЕКГ во одделенијата каде што лежат пациентите, нема колички за пренесување на неподвижните пациенти, и притоа покажа фотографии од, како што изјави тој, нестабилни и искршени столчиња залепени со фластер, коишто се инаку за друга намена, а не за пренесување пациенти.

„Зошто е состојбата таква, покажува овој документ за побарана медицинска опрема на кардиологија. Погледнете што бил одговорот од Министерството за финансии: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски за буџетот!“, изјави Чакаровски приложувајќи документ.

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ најави дека ова безобразие на неодговорната власт на Груевски завршува на 11 декември, а потсети дека еден од врвните приоритети на новата влада, предводена од СДСМ, ќе бидат здравјето и потребите на граѓаните на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...