fbpx
Таг: здравство

таг: здравство

СДСМ: Здравството тонеше поради криминалните апетити на Тодоров и на Груевски

„Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем. Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во здравството, руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи“, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. „Поради криминалното и...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи цунами во здравството

„Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно-разни реформи и подобрување на услугите во здравството, а од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо“, обвини денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Министерство за здравство. Таа рече дека владата на...

Ако е здравството во хаос, тоа не е од времето на Таравари

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во врска со состојбите во здравството, земајќи ја како повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во Клиниката за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“. „Претставничка на ВМРО-ДПМНЕ, по повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во универзитетската клиника во Скопје, даде...

Таравари: Смртноста на новороденчињата ме погодува, но упорен сум да го решам проблемот

„Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но имам волја“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која, за жал, многу...

Тројца нови директори во здравството, разрешени голем број економски менаџери

Министерството за здравство информираше дека се именувани тројца нови директори на здравствени установи. Нов директор на Геронтолошкиот завод е Салија Љатиф, на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле е Ангелчо Андоновски, а Филип Гучев е новиот прв човек на Универзитетската клиника за ревматологија. На првата функција во Психијатриската болница Бардовци и понатаму ќе биде досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи. Исто...

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема...

ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за законот за зголемување на платите во јавниот сектор

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува министерот Драган Тевдовски, Владата на СДСМ и Зоран Заев, заедно со пратениците на СДСМ, да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека тие пари се за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието, во јавните претпријатија...

Директорите на 33 клиники се сменети поради реваншизам и омраза, смета ВМРО-ДПМНЕ

Последната одлука за која денеска дозна јавноста со која биле разрешени 33 директори на клиники, болници и на здравствени домови е удар врз целокупниот здравствен систем во државата, изјави денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. - Директорите се разрешени без основа и целосно спротивно на законот, што говори дека тоа не е направено врз основа на некој вредносен систем или какви...

Чакаровски: Денеска 33 здравствени установи ќе добијат нови директори

Министерството за здравство денеска ќе назначи нови директори на 33 здравствени институции, промените ќе продолжат утре, а до петок ќе се направат сите измени на директорските места во институциите под контрола на Министерството за здравство, порача денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски. -Ги работиме документите. Денес ќе назначиме директори на 33 здравствени институции. Утре ќе продолжиме со другите, до петок...

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да се фати за работа наместо да испраќа честитки од хотели

Министерот за здравство, Арбен Таравари, наместо да прави стратегии за односи со јавноста и да испраќа честитки од луксузните хотели во САД, треба да се фати за работа и да го спречи ширењето на заразната болест во Гостиварско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека е време министерот за здравство да почне да работи за доброто на граѓаните,...

ВМРО-ДПМНЕ: Симптомите на починатите лица биле третирани крајно несериозно

За само три дена, негрижата и неспособноста на министерот за здравство, Арбен Таравари, однесе два човечки животи на возраст од 23 и од 47 години, а според нашите информации, во животна опасност се уште шест лица кои се во моментов на Клиниката за инфективни болести, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека изминатите неколку дена симптомите кај веќе...

Таравари од денеска е во петдневна работна посета на САД

Министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави, информираат од кабинетот на министерот. Работната посета ќе почне во Вашингтон, каде што министерот ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и на Амбасадата на Македонија во САД. „За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе има средба...

Таравари подготвува нови смени на директори и извод за роденчињата уште во болница

Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар. Тој истовремено најави дека наскоро ќе бидат обелоденети и наодите на инспекциите во некои болници, а тогаш ќе има и...

Таравари: Вчерашниот напад е последица на огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска соопшти дека ќе се укине плаќањето по учинок, економските директори на клиниките ќе бидат назначени за шефови на администарција, а ќе се работи на подобрување на прокетот „Мој термин“. Тој при посетата на тетовската клиничка болница, рече дека во зависност од финансиските можности и од законските прописи, пет до шест лекари од...

ВМРО-ДПМНЕ најде да зборува за малата Тамара во Собранието?

На пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, во еден момент посочувајќи дека СДСМ ветувал влада со 20 министри, а прави кабинет со 26, му излета „плус шест плати и автомобили ќе значат дека шест нови македонски Тамари не ќе може да се лекуваат“, што предизвика бурна реакција од пратениците на мнозинството. Горан Мисовски, Милена Ѓорѓиева и Павле Богоевски реагираа гневно и со неверување...

Седницата за владата минува во дуели меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Со остра полемика помеѓу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од СДСМ и од неговата коалиција, но и со конфронтации со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тече седницата на која се расправа за составот и за програмата на новата влада. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат што направиле владите предводени од нивната партијата и прашуваат што ќе направи новата влада на СДСМ,...

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде кочничар на реформите во здравството

„ВМРО-ДПМНЕ не смее и понатаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани“, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму додаваат дека секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пациентите. „Иако во некои случаи причината е немање средства, во други - неточни...

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата за здравство на СДСМ, Елена Костова,...

ВМРО-ДПМНЕ: Во здравството се инвестирани 115 милиони евра за подобрување на услугите

„Секогаш кога СДСМ нема одговор на прашањето дали ќе се откаже од тиранската платформа и од редефинирање на државата, испраќа соопштенија и држи прес-конференции полни со манипулации и конструкции“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на членот на комисијата за здравство на СДСМ, Злате Мехмедовиќ. Во него се додава дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем во...

Мехмедовиќ: Новата влада ќе обезбеди здравство посветено на граѓаните

„Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на пациентите. Новата влада ќе обезбеди здравство посветено на луѓето. Нема да се затвораат одделенија и пациенти да чекаат за операција со месеци, затоа што недостига медицински персонал“, изјави членот на комисијата за здравство на СДСМ, Злате Мехмедовиќ, на прес-конференција. Тој посочи дека таков е случајот во болницата „8 Септември“. „Основните...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...