fbpx

Таравари: Вчерашниот напад е последица на огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите

-

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска соопшти дека ќе се укине плаќањето по учинок, економските директори на клиниките ќе бидат назначени за шефови на администарција, а ќе се работи на подобрување на прокетот „Мој термин“. Тој при посетата на тетовската клиничка болница, рече дека во зависност од финансиските можности и од законските прописи, пет до шест лекари од одредена клиника или болница ќе добиваат 10 до 20 отсто зголемување на платата и на тој начин ќе се мотивираат.

Таравари го осуди вчерашниот напад врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој истакна дека причината за вчерашниот напад, но и за другите инциденти во болниците е огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите, кој особено дошол до израз во изминатите години.

– Жално е тоа што се случи со Тодоров и лично, бидејќи се слушнав со него на телефон, му го изразив моето жалење. Меѓутоа веќе две-три години се пука по доктори и се тепаат лекари. Не би рекол дека ми е мило што почуствувал како е да се биде доктор во Македонија, но секојдневно ни се случуваат такви збиднувања по болниците со пациентите зашто направивме голем јаз во односот пацинет – лекар. Затоа барам од сите, па и од медиумите, помош да изградиме доверба меѓу пациентот и лекарот – напомена Таравари.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање за неговото отсуство при посетата на претседтелот Ѓорге Иванов, рече дека шефот на државата има дел од вината за случувањата на 27 април, особено со гаранциите што ги барал за доделувањето на мандатот, како и со аболицијата.

– Иванов не заслужува да се нарекува претседател и тој за нас е само граѓанин – подвлече министерот.
Во однос на релациите со ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека Алијансата на Албанците нема проблем со партијата, туку само со нејзиното раководство и дека нема да имаат никакви контакти сè додека не се смени раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...