fbpx

Груевски бара одговорност и од тие што го нарекувале Тодоров убиец

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска побара одговорност од тие што го нарекувале убиец Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство, кој вчера беше нападнат со гасен пиштол пред Министерството за здравство.

– Ние вчера имавме сторител на атентатот, но има и поттикнувачи. Одоговорност мора да има за тие што го нарекуваа Тодоров убиец и министер за смрт. Јас жалам за девојчето, и јас сум родител, знам како е вашето дете да е болно, но да обвиниш некој за смрт на тоа дете, а притоа да не е така, е огромна грешка – рече Груевски во интревју за телевизија „Алфа“ и додаде дека како премиер направил сопствена истрага и оти резултатите од неа покажале дека малата Тамара Димовска починала од бронхопневмонија, а не од болеста за која требаше да биде оперирана.

Груевски вели дека сето тоа што сега се случува е гнасна пропаганда која СДСМ ја врши против ВМРО-ДПМНЕ.

– Тој центар сакаше да нè направи нелуѓе, монструми, убијци. Со години градеа атмосфера со нереални работи за да нè замрзи народот. Сите смртни случаи во здравството му ги препишуваа на Тодоров, како тој да е виновен што луѓето заболуваат и умираат. Постојат поттикнувачи кои ја создадоа оваа атмосфера – рече Груевски, додавајќи дека во времето додека Тодоров бил министер за здравство се направени најголемите реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...