Министерството за здравство денеска ќе назначи нови директори на 33 здравствени институции, промените ќе продолжат утре, а до петок ќе се направат сите измени на директорските места во институциите под контрола на Министерството за здравство, порача денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.

-Ги работиме документите. Денес ќе назначиме директори на 33 здравствени институции. Утре ќе продолжиме со другите, до петок мислам дека ќе ги направиме сите промени – рече Чакаровски на трибината по повод Светска недела на доење.