fbpx

Шахпаска: Груевски и Тодоров имаат пари за мебел, но не и за здравјето на граѓаните

-

Пратеничката Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција во Собранието обвини дека смртните случаи во болниците се сè почести, а власта со ребалансот на буџетот го намалува обемот на средства за Министерството за здравство.

– Новороденчиња  умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, а власта на Груевски со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството!  Оваа лицемерна власт наместо да  гради болници и амбуланти, крати 250 милиони денари за изградба на ветуваните со години клинички центар во Скопје и клиничка болница во Штип, крати 17 милиони денари за тетовската болница и за болницата во Кичево. Крати дури 110 милиони денари за инсулин. Ова е доказ дека и понатаму ќе се набавува поевтин инсулин и со сомнителен квалитет. Се намалува буџетот за средства за дијализа, средства за трансплантација, за вакцини и за пациенти со ретки болести. Ова е грижата на Тодоров и на Груевски за пациентите со ретки болести – рече Шахпаска.

Таа обвини дека оваа власт нема пари кога е во прашање здравјето на граѓаните, но има пари кога се во прашање удобните фотелји во кои седат кадрите на Груевски.

– Имаат за мебел – дури повеќе од 1 милион и 200 илјади евра. Имаат и за дневници – по 42.000 евра на ден! Имаат и по 95.000 евра на ден за ставка „други трошоци и репрезентации“ – рече пратеничката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...