fbpx

Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, соопшти Мехмедовиќ

-

Поразителната вистина за здравствениот систем е дека Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните, изјави денеска Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

– Тоа што го крие и за што лаже криминалната власт во заминување, го соопшти Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ). Истражувањето за 2016 година покажува дека Македонија е на 34. место по лоши здравствени резултати, од вкупно 35 европски земји – истакна Мехмедовиќ.

Тој истакна дека Македонија, според истражувањето, e прва во Европа по тоа што не може да се справи со смртност од мозочни удари, втора по смртност на доенчиња, трета по најлоша стапка на преживување на болните од рак и меѓу земјите со најголем процент на граѓани кои страдаат од депресија.

„Ова покажува дека „Мој термин“, времето на чекање, таканаречените реформи се само фарса што не функционира во реалноста. Граѓаните знаат по колку време им треба да дојдат до вистинскиот лекар што ќе им ја постави вистинската дијагноза. Знаат дека повеќе време минуваат низ болничките ходници отколку во ординација. Знаат дека не можат да дојдат до соодветен здравствен третман затоа што или апаратите се расипани или апарати нема, па се препраќаат од клиника на клиника, а со секој нов ден нивното здравје е сè полошо – рече Мехмедовиќ, додавајќи дека тоа е резултат на лажните вести на Никола Тодоров дека прави вистински реформи во здравството.

Тој истакна дека се неопходни вистински реформи и промени во здравствениот систем на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...