fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ залудно се обидува да фрли дамка на здравствениот систем

-

СДСМ веќе десет години фрустрацијата што не е на власт, ја лечи со срамни обиди за дискредитирање на капиталните проекти кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Залудно се обидува СДСМ да фрли дамка на здравствениот систем во кој се спроведува најголемиот инвестициски циклус во историјата на македонското здравство. Околу 110 милиони евра изнесува инвестицијата за градби и за реконструкции на јавни здравствени установи низ државата кои се веќе комплетно завршени или се во тек. Во македонското здравство се инвестирани повеќе од 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги. За првпат отворивме и успешно функционираат државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, интервентна кардиологија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека тоа е реалната слика за македонскиот здравствен систем, наспроти лажната слика која, како што велат, СДСМ се обидува да ја креира низ личните фрустрации и неуспеси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...