Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Објава на Фејсбук полна со теории на заговор со цел да го дискредитира СЕФ

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: 14 земји го потпишаа договорот SEF за ставање крај на природното зачнување до 2030 година. Четиринаесет земји, сите членки на Светскиот економски форум, штотуку потпишаа договор со кој се одредува кој ќе има право на репродукција до 2030 година, крајниот рок за трансформација на човештвото. Според SEF, човештвото ќе биде подобро подготвено да се соочи со предизвиците на...

Комплексот „Македонско село“ доби нов концесионер кој ќе стопанисува со објектот наредните 15 години

Туристичко-угостителскиот комплекс „Македонско село“ во Горно Нерези крај Скопје беше затворен шест години, а на почетокот на годинава Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети дека напролет ќе го рестартира преку изнајмување на објектот, кој ќе биде даден под закуп на приватна фирма. Новиот закупец ќе има задача да отвори угостителски објекти и да обезбеди туристички услуги, вклучувајќи и ноќевање во...

Дезинформации за ритуални принесувања на човечки жртви по пожарот во Кочани

Фејсбук објава сее паника за масовни убиства, кои, наводно, власта ги маскира како „несреќни случаи“, при што веројатно се мисли на пожарот во Кочани, а зад тоа стоеле некакви „владетели во сенка“, масони, сатанисти и слични дежурни „страшила“ од теориите на заговор. Објавата дезинформира и дека т.н. Ден на Пи (Меѓународниот ден на математиката) е празник на кој се...

Нема грешка со царините на Трамп, туку поинаква методологија

Нема никакви грешки во равенката на САД што ја употребија на „залепат“ 33 отсто царина на македонските производи. Податоците од американскиот завод за статистика го потврдуваат тоа. Забуната доаѓа од тоа што македонскиот ДЗС има дијаметрално спротивни податоци што прикажува дека државата има трговски дефицит со САД, а не обратно. Но, ваквите разлики во податоците се должат на добро...

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Пишува: Вангел Башевски, Вистиномер   Новинарот Такер Карлсон е озлогласен по ширењето на дезинформации од (про)руски извори низ американскиот медиумски простор, што како штетно странско влијание доаѓа и кај нас (примери: тука, тука, тука, тука и тука). Вистиномер издвојува пет негови најбитни дезинформации и да ги анализираме:   Хрушчов не бил Украинец и тоа не била причината за трансферот на Крим Ќе почнеме со најновиот случај на ширење дезинформации од страна на Карлсон,...

Кафе со неколку капки лимон не е лек за главоболка

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое се тврди: Кафе со неколку капки лимон – брз и природен лек за главоболка Главоболката може да биде непријатна, но една шолја кафе може да помогне. Наместо да го избегнувате поради кофеинот, пробајте едноставен трик – сварете турско кафе без шеќер и додајте неколку капки лимон....

Непрописно паркираното Порше во Дебар Маало не е на полициски службеник

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Насобраната толпа извикуваше „казна, казна“. Видео: Пајакот не сакаше да дигне Порше на полицаец во Скопје.  Во текстот од објавата пишува дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавило видео на кое се гледа како пајак-службата не сака да крене возило кое е непрописно паркирано, бидејќи е на полицаец. Во објавата се споделува видео материјал кој...

Не може да се тврди дека одлуката на САД за новите царини само малку ќе се одразела врз економијата

Соопштението на Владата во врска со вчера соопштените нови царини воведени со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, содржи елементи на недоследност, пишува Вистиномер: Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.   Образложение: Владата на РСМ...

Контраспин: Преку прашања за меѓуетничките односи ДУИ спинува за средбата Мицкоски-Филипче

Пишува: Теофил Блажевски   Во соопштение на партијата ДУИ за средбата на Христијан Мицкоски и Венко Филипче во Владата, може да се детекрира спин, пишува Вистиномер: Спин: Како е можно лидерска средба за таканаречен „нов општествен договор“ да се одржи меѓу првопласираната и третопласираната партија на изборите? Дали критериумот за учество во овие преговори е етничката припадност, наместо демократскиот легитимитет? Дали ова значи дека се воведува нова практика на едноетничко...

Пресудите за Ле Пен и Георгеску се суверени одлуки на францускиот и романскиот суд

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Кога судот се користи како оружје против противниците, тоа не е правна држава – тоа е ПОЛИТИЧКА чистка. Денеска е Ле Пен. Вчера беше Џорџеску. Утре ќе биде некој друг. Вака изгледа „демократијата“ на денешна Европа – фасада зад која нема ниту слобода ниту правда. Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен и водечка кандидатка да стане...

Неосновано припишан сатанизам на советник на Општина Кочани и можен в.д. градоначалник

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се наведува: “Ѓаволот (Сорос) ни ора ни копа” Колку и да се трудите, сепак некоја ситница ќе ви избега и ќе си го покажите правото лице. Повторно сакаат да нѐ ‘превеслаат жедни преку вода’ Тоа е илустрирано со колаж од две слики. Едната (поставена десно), е цртеж од митското суштество Бафомет, кое личи на ѓавол и...

Ендокринологот Тодорова и водителот на Канал 5 злоупотребени во видео за препарат за слабеење

Вистиномер анализира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео кое е дипфејк, а во кое е злоупотребено името и ликот на д-р Билјана Тодорова, специјалист ендокринолог. Во видео материјалот кој е намонтиран и не е вистински, претставена е Тодорова како да промовира производ за слабеење. Ќе ме мразат фармацевтите, корумпираните ендокринолози и нутриционистите што го признав ова, но морав да кажам....

Фотографијата со хигиеничарки од ургентен центар е создадена со вештачка интелигенција

Доколку се погледне внимателно фотографијата, ќе се види дека жените на неа имаа ист лик, односно делуваат како да се близначки, што е знак дека е изработена со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Фотографијата ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција Хајв. Според оваа алатка, фотографијата е 95 отсто изработена со помош на вештачка...

Финансиската полиција поднела кривична пријава за старите акумулатори, ама пред една година

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува информација од соопштение на Управата за финансиска полиција за кривична пријава, којашто оваа управа ја поднела до Јавното обвинителство во Штип за измама со стари акумулатори. Објавата е од 28 март 2025 година, меѓутоа самото соопштение за поднесената кривична пријава до Јавното обвинителство е од 29 април 2024 година,...

Руска пропаганда маскирана како легитимна политиколошка анализа од САД

По доаѓањето на власт на Доналд Трамп, во САД дојде до деградација на јавниот дискурс, па веќе не се води сметка за фактографската точност на она што се изјавува. Трамп тврдеше дека Володимир Зеленски е „диктатор без избори“, а такви руски дезинформации шири и дипломатот Ричард Гренел и новинарот Такер Карлсон, па дури и еден доктор на политички науки...

Какви се тактиките на Кремљ за манипулации со информации?

Демократските избори во европските држави се меѓу примарните таргети на руските ФИМИ операции, констатира најновиот извештај на Европскиот екстерен акциски сервис за манипулации со информации и опструкции од странство. Во центарот на руската ФИМИ инфраструктура, има слој на канали директно врзани за Кремљ. Медиуми како Спутник, РТ, ТАСС, Риа Новости, Газета, Лента, Соловиев Лајв и Украина.ру играат централна улога...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата сличност и разликите се битни да се појаснат со оглед на можноста за информации и дезинформации во врска со координираноста на двете политички партии во однос на власта...

Пожарот во кочанската дискотека и препознавањето лоши вести

Кога ќе се погледнат насловите и содржините на текстовите во медиумите и објавите на социјалните мрежи изминативе денови во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, може да се примети забележи ниско ниво на сензационалност во пласираните содржини, со попатно ковање на теории на заговор од мистичен и езотеричен карактер. Од друга страна, забележливо е пласирање на спинови за...

Недозволиво окултно толкување за трагичниот настан во Кочани

Пишува: Матеј Тројачанец   Трагедијата во Кочани во којашто на 16 март во пожар згаснаа 59 млади животи – меѓу кои 6 деца, а повредени се 197 лица од кои 25 деца, ја трогна цела нација, државите од регионот, а и пошироко во Европа. Сите имаме право да тагуваме и да се справуваме со траорните емоции на свој начин, сѐ додека тоа „тагување“...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во Кострома во 2022 г., кај што војник вратен од Украина стрелал со сигнален пиштол), но една проруска фејсбук-страница неосновано тврди дека пожарот во Кочани е дел од прозападната...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...