fbpx
Таг: уставни измени

таг: уставни измени

Маричиќ: Не е време за партиски изговори, успехот е во одлучноста за членство во ЕУ

Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината...

Со невистини за Протоколот со Бугарија се подгрева атмосферата пред уставните измени

Протоколот којшто МНР го објави нема никаква врска со ограничувања на слободата на Македонците, ниту менување на нивната култура или историја, пишува Вистиномер.мк.   Текстот го пренесуваме во целост: Во објава на социјална мрежа Фејсбук, се тврди следното во врска со Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, одржан на 17 јули 2022 година во Софија: КАКО ДА СЕ ОДБРАНИ ДРЖАВАТА КОГА ВЛАДАТА САМА БЕЗУСЛОВНО...

Партиите од власта промовираа Манифест за преговорите со ЕУ, бараат обединетост

Неколку политички партии застапени во Собранието, предводени од СДСМ и ДУИ, денеска објавија Манифест во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Од СДСМ велат дека „време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ“. Преку овој Манифест сите...

Ковачевски за МИА: Нема да има нов или подобар договор, ниту друга преговарачка рамка

Како држава не смееме да направиме историска грешка и да ја пропуштиме единствената шанса Северна Македонија после децении да ја постигне својата друга стратешка цел – да стане членка на ЕУ. На ова предупредува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Медиумската информативна агенција (МИА). Премиерот ги повика пратениците и опозицијата да дадат поддршка на измената на Уставот, со што ќе...

Османи на средби со Гир, Коп и Мејер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија - Дејвид Гир, амбасадорот на Холандија – Дирк Јан Коп и со заменик – шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер. Во фокусот на средбите биле политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа...

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите

Различни толкувања од политичките партии има по вчерашното поднесување на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ велат дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни измени ќе нема. Арбен...

Уставните измени го минаа првиот чекор, ги чека сериозна сопка на 18 август

Уставните измени влегоа во собраниска процедура, но ставовите на власта и опозицијата не се променија, по што под сериозен знак прашалник се става имањето, односно немањето двотретинско мнозинство на пленарната седница на 18 август. Денешниот процес почна со расправа во Комисијата за уставни прашања на која прв настапи премиерот Димитар Ковачевски, кој повика на разум од сите пратеници. „Да не мислиме...

Владата ги усвои уставните амандмани и повика на совесност од сите пратеници

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието. „Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа...

Мицкоски: Ги прекинуваме сите средби со власта за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека од овој момент па натаму повеќе нема да зборува за ништо што е поврзано со уставните измени, туку единствената работа која ќе биде тема е да се седне на маса и да се разговара за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен. Извршниот комитет на најголемата опозициска партија, рече Мицкоски, едногласно одлучил да...

Османи: Има сигнали за идеолошка поделба во ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени

Ако не се завршат уставните измени, ќе заврши скринингот. Албанија ќе продолжи со преговорите, но не и Северна Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени. Политичката динамика во ЕУ отвора две патеки, а со негласањето за уставните измени, пратениците ќе ја стават земјата во групата држави коишто имаат отворени прашања, рече...

Мицкоски по средбите во Брисел: Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и по посетата на Брисел и средбите со тамошни официјални лица денеска остана на ставот дека уставни измени под бугарски диктат неговата политичка партија нема да прифати. „Денес зборувавме и за процесот за т.н. уставни измени којшто е прифатен еднострано, од страна на Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, од овој поставен премиер Димитар Ковачевски...

Ковачевски верува во пратениците за уставните измени, предлогот уште не поминал на влада

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека меѓу 120 пратеници од Собранието на РСМ има мнозинство кое е за европската интеграција на државата и се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став за уставните измени искажан на лидерската средба што се случи пред две недели. „Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став, јавно искажан од нивниот претседател Христијан Мицкоски...

Амбасадорката на Шведска: Земјава ризикува да го изгуби сегашниот силен моментум за проширување, доколку преговорите не започнат навреме

Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк зборува за последните случувања во земјата, за уставните измени на евроинтегративниот пат на земјата, реформите во правдата и застапеноста на жените во политиката. Амбасадорката вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Исто така, појаснува дека вистинскиот...

Мицкоски бара ТВ-дуел, од СДСМ со порака да се испорача договореното на лидерската средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара телевизиски дуел со премиерот Димитар Ковачевски за да може јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеле тоа што сакаат, по што народот би судел и пресудувал. Мицкоски додаде дека македонскиот народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи кои пристапувале на ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки...

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија, германската десница гласаше против

Со мнозинството гласови на социјалдемократите, Зелените и либералите, германскиот парламент синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, во која е наведено и дека Бундестагот ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет. Германските десничарски партии, вклучувајќи ја и ЦДУ/ЦСУ на поранешната премиерка Ангела Меркел гласаа против резолуцијата и изнесоа остри критики, пренесува Дојче...

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент - Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со 13 препораки до германската влада за тоа што треба да направи за да го овозможи...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат околу уставните измени

Партијата на власт спинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се согласил со уставни измени и со тоа го променил ставот, додека ВМРО-ДПМНЕ спинува околу глорификацијата на предлозите на Христијан Мицкоски дека тие значеле ем брза интеграција, ем заштита на идентитетот, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по средбата...

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е тој што дава или зема функции, туку народот на избори

По денешниот владин брифинг што беше организиран за медиумите, од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, додавајќи дека нивните позиции се јасни и дека од тоа нема поместување. „ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле...

Пендаровски: Надвор од реалноста е барањето уставните измени да важат по приемот на Македонија во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го оцени како нереално барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство откако Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ. Пендаровски вели дека лично би сакал да може тоа да се направи, но е апсолутно надвор од реалноста. Пендаровски вели дека заклучоците на Европскиот совет се кристално јасни, во кои е...

Ковачевски би отстапил од премиер, ако има некој од ВМРО што ќе сака да ги потпише уставните измени за во Собрание

Премиерот Димитар Ковачевски би го отстапил премиерското место, доколку некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест да ја потпише како премиер иницијативата за предложените уставни измени што треба да се достават до Собранието. Од владата брифираат дека Ковачевски со големо задоволство би му ја отстапил на ВМРО-ДПМНЕ таа чест. Исто така, штом ДУИ се согласни и првиот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...