fbpx

Партиите од власта промовираа Манифест за преговорите со ЕУ, бараат обединетост

Преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека „ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните“

-

Неколку политички партии застапени во Собранието, предводени од СДСМ и ДУИ, денеска објавија Манифест во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.

Од СДСМ велат дека „време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ“.

Преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека „ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните“.

На документот се потпишани 12 политички партии, а освен СДСМ и ДУИ, на листата се и ДПА, ДОМ, Алијанса за Албанците, НСДП…

„Пред нашата татковина и пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание. Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за усвојување на уставните измени и побрзо членство во ЕУ. Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во Манифестот на четири страници меѓу другото се вели:

Поаѓајќи од изразената намера Северна Македонија да ја достигне подготвеноста за полноправно членство во 2030 година, ние, политичките партии претставени во Собранието со своето делување се обврзуваме пристапните преговори да завршат под најповолните остварливи услови и во најкраток можен временски рок, потполно свесни за обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ.

Собранието на Република Северна Македонија, ја задолжува Владата на Република Северна Македонија, преку државната делегација за преговори со ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи и експертскиот преговарачки тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија.

„ДУИ смета дека е време за обединување политички партии, неполитички субјекти и невладини организации преку овој важен чекор на потпишување на заеднички манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно и квалитетно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Во манифестот повикуваме на прифатените заеднички европски вредности кои произлегуваат од Копенхашките критериуми, Процесот за стабилизација и асоцијација, преговарачката рамка, а сè со цел што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во ЕУ“, се вели во соопштението на ДУИ.

Манифестот сe објавува пред седницата за првата фаза на уставните измени односно за гласањето на потребата од промени на Уставот закажана за 18 август.

Во предлог-иницијативата што ја усвои Владата, а помина на собраниската комисија, се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот – хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...