Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и до сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Од Црвениот крст велат дека се во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош.
„Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција“, велат од Црвениот крст, потсетувајќи дека катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме предизвика големи материјални штети и човечки загуби, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија.
Од организацијата ги повикуваат сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија.
– 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228