fbpx

Одбележани 22 години од убиството на десетте бранители кај Карпалак

Со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје беше одбележана 22-годишнината од убиството на десетте загинати бранители од Прилепско во 2001 година

-

Со голема тага и длабока почит денеска се сеќаваме на загубата на десетте македонски бранители – Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Веби, Горан и Пеце, кои кај Карпалак своите животи ги положија за татковината. 22 години поминаа, но со голема тежина во срцето. Тие несебично се одѕваа на повикот на татковината и затоа никогаш нема да бидат заборавени. Длабока почит и сочувство и за нивните семејства – вашите синови ќе ги паметиме вечно како херои.

Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на 22-годишнината од убиството на десетте загинати бранители од Прилепско, убиени од заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит беше оддадена со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје.

„Тие заслужуваат достојно спомен обележје каде достојно ќе оддаваме почит. Денеска во општина Желино повторно ќе испратам барање, како што направив и за Вејце, да биде дозволено тука да се изгради споменик, а се разбира Министерството за одбрана е подготвено тоа да го реализира“, рече Петровска.

Фото: Министерство за одбрана

Освен Петровска, почит на загинатите бранители оддаде и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на Владата, претставник од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

„За жал, како што го оставивме пред 22 години ова место и денес го наоѓаме така. Се поклонуваме на нешто што го нема. Една плоча, да ја наречам, нешто најобично кое не доликува на местото и настанот кој овде се случи. Баравме, бараме и дури сме уште ќе бараме да се направи едно спомен обележје, да се знае дека овие луѓе погинаа за државата не погинале за некој личен интерес“, изјави Јордан Трајковски од Здружение на резервни воени обврзници од Прилеп.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше нападнат од заседа. Погодено беше едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Загинаа Нане Наумоски (48), Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29), Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово, и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...