fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

Села: Потпишаниот договор на политичките партии е противуставен

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, смета дека четирите политички партии го прекршиле Уставот со потпишувањето на вчерашниот договор, со кој, според него, ќе се избришат околу 200.000 гласови од дијаспората, од кои мнозинството се Албанци. Според Села, секој кој има македонско државјанство и плаќа данок во Македонија треба да има право на глас, па негов став е...

Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите

Судскиот буџетски совет (СБС) до вработените во судовите доставил известување во кое стои дека колективно ќе им се намалат платите за 40 отсто за оние месеци во кои судската администрација штрајкувала. Оваа одлука на СБС доаѓа неколку дена по првото решение во кое се бараше од претседателите на судовите да подготват решенија со намалени плати за 60 проценти за...

„Шарената револуција“ и „Го сакам ГТЦ“ денеска заедно на протест

Граѓанските иницијативи „Шарена револуција“ и „Го сакам ГТЦ“ денеска, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе излезат на заеднички протест. „Шарената револуција“ на денешниот протест ќе бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. „Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери...

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

ВМРО - Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот со донесувањето на Законот за...

Денеска пратениците на пленарна седница ќе расправаат за импичментот на Иванов

Денеска, во рамки на 105. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Минатиот понеделник, комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија со шест гласа „за“ и со четири гласа „против“ оцени дека предлогот за импичмент е...

СДСМ бара Иванов да одговара на прашања пред комисијата за импичмент

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на денешната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност. - Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, Иванов ја презеде надлежноста на...

СДСМ: За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава

Ѓорге Иванов, човекот кој ги прекрши законите и највисокиот акт, Уставот на Република Македонија, не може да се повикува на правни норми, реагираат од СДСМ на изјавата на Иванов во Софија. „За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава, тој само ги спроведува нарачките од Никола Груевски. Лицето Ѓорге Иванов наместо лицемерно да се повикува зад правни акти...

СДСМ: Иванов донел две одлуки за поништување на помилувањето со ист број

Опозициската СДСМ, денеска преку соопштение обвини дека со одлуките за повлекување на аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов направил само поголем хаос. „По објавувањето на одлуките за поништување на дел од неуставните одлуки за помилување, видливо е дека лицето Ѓорге Иванов има донесено две одлуки со ист број: 08-534/1. Овие Одлуки на Иванов се со ист број иако се однесуваат на различни...

СДСМ: Иванов ја продлабочи кризата, само целосно поништување на аболицијата е решение

Денешната одлука на лицето Ѓорге Иванов е уште едно, ново кршење на Уставот, што дополнително ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во земјава, реагираат од СДСМ на денешната одлука на претседателот за повлекување на аболицијата за 22 лица. „Аболицијата мора целосно да се поништи и законот да важи подеднакво за сите. Тоа единствено е возможно преку гласање за автентичното...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одговорност на претседателот

Иванов не го прекршил Уставот без разлика дали некому тоа му се допаѓало или не. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери, за предлогот за формирање комисија за утврдување одговорност на претседателот Иванов, ќе гласаат против, информираше денеска во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој ги повика иницијаторите за формирање на ваквата комисија да ја...

Време е за промена на турскиот устав, порача новиот лидер на владејачката АКП

Бинали Јилдирим денеска, по неговиот избор за нов лидер на партијата на правдата и развојот (АКП), повика дека Турција треба да премине на претседателски систем на владеење, јавуваат медиумите. Обраќајќи се на конгресот на партијата, пред и офцијално да биде прогласен за лидер, Јилдирим рекол дека е потребен нов устав, додавајќи дека е време моменталната „де факто ситуација“ да стане...

Заев за „Франс прес“: Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека предвремените избори треба да се одложат додека не бидат исполнети условите за слободни и фер избори. „Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни“, рече Заев. Како што пишува во интервјуто, лидерот на СДСМ очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност...

Груевски за „Франс прес“: Избори на 5 јуни ќе има

Никола Груевски во интервју за агенцијата „Франс прес“, изјави дека без оглед на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто вели дека неговата партија е единствена од четирите големи партии што ќе учествува на изборите. Тој кажа и дека македонскиот Устав не дозволува одложување на изборите закажани за 5 јуни и...

Движење за реформи на ДПА: Македонија да стане бинационална држава преку промена на Уставот

„Со протестот кој го одржавме во Скопје на 22 април, покажавме дека освен на Македонците, постои и проблем на Албанците, кои сè уште во оваа држава се борат за рамноправност“, истакнаа од Движењето за реформи на ДПА, попладнево на прес-конференција. Оттаму посочија дека нивните барања се јасни, а тоа е промена, како што рекоа, на режимот кој владее во Македонија и промена на...

Ако Иванов утре си поднесе оставка, и претседател ќе се избира на 5 јуни!

Речиси две недели граѓаните организирано здружени во „Протестирам“ го искажуваат својот револт по улиците на Скопје и низ поголемите градови на Македонија, против одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да аболира политичари. Помеѓу барањата за повлекување на општата аболиција, создавање техничка влада за спроведување избори, отповикување на одлуката за избори на 5 јуни, граѓаните бараат и оставка на...

Плевналиев во разговор со Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје

Бугарскиот претседател, Росен Плевналиев, во телефонски разговор со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите. „Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Бугарија е подготвена да соработува за наоѓање решение“, истакнал Плевналиев за време на разговорот.  Решението, според него, е во дијалогот, во...

Вељаноски: Не постои уставна можност да се свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку соопштение информираше дека добил иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за поведување постапка за утврдување на одговорноста на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Вељаноски рече дека со Уставот не постои можност за повторно свикување на Собранието. „Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната одлука на Уставниот...

СДСМ до Собранието поднесе иницијатива за одговорност на Иванов

Пратеничката група на СДСМ денеска поднесе иницијатива за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за помилување на сите политичари за кои има предистражни, истражни постапки или правосилна судска одлука. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, ги повика пратенички групи да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат затоа што сите политички партии биле против...

ЛП: Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичаритe што се поврзани со политичката криза и со аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот, се вели во соопштението на Либерална партија. Според нив, „со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена „класна“ позиција во однос на сите „други“ граѓани на Македонија.“ - Со...

Јакимовски ќе му поднесе кривична пријава на Спасовски

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе поднесе кривична пријава против техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ. - Наспроти „тра-ла-ла“ кривичната пријава што ми ја поднесе министерот за внатрешни работи за собирот со кој го одбранивме Уставниот суд, ГРОМ, исто така, му одговара на министерот за внатрешни работи со кривична пријава. Нивната кривична пријава, за разлика...

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...