fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

ГРОМ утре во 18 часот на контрапротест во близина на Уставниот суд

Утре во 18 часот ГРОМ на Стевчо Јакимовски ќе одржи „собир за поддршка на институциите“. Протестот ќе се одржи пред објектите на Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството во близина на Уставниот суд, каде што во исто време ќе протестираат граѓанските организации и СДСМ против одлуката на судот да расправа за иницијативата за уставноста на Законот за помилување. Јакимовски денеска...

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека за кратко време повторно ќе издаваат...

Спасовски: Граѓаните знаат дека на Македонија ѝ треба стабилност и сплотеност, а не тензии

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на средба со жителите во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека најважно е Македонија да ја почувствува сплотеноста и граѓаните да останат рамнодушни на тензиите бидејќи тие не ѝ служат на државата туку само на нечии партиски интереси. „Настанот во кој беше нападнато едно лице се случи по...

Заев: Ќе се обидеме да привлечеме што е можно повеќе неопределени гласачи

СДСМ посветено работи и стои на ставовите за обезбедување фер и демократски избори, рече денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибина со младите во Битола. - Ги подготвуваме партијата и нашето членство за избори и се надевам дека ќе анимираме огромен број неопределени гласачи, кои ќе се впуштат во поддршка на опозицијата. Ние се надеваме дека ќе дадат поддршка на...

Шилегов: Уставните судии по нарачка на Груевски го штитат изборниот криминал

„Ова се имињата на луѓето што презедоа одговорност да го штитат изборниот криминал и изборните измами на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ преку нарачани судски одлуки. Овие се петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд: Елена Гошева, избрана за судија во 2012 година, Никола Ивановски, избран за судија во 2012 година, Владимир Стојановски, избран во 2011 година, Вангелина Маркудова, избрана во 2013 година, и Јован...

Димитриев: Да се обезбедат слободата и правото на глас на сите граѓани

Техничкиот премиер за спроведување на изборите во писмена изјава до сите носители на државни и на јавни функции повика да се обезбедат слободата и правото на глас на сите граѓани, информираа од Владата. Во насоките до членовите на Владата и до другите државни и јавни функционери, Димитриев истакнува дека во согласност со член 22 од Уставот на Република Македонија, секој полнолетен...

Трајанов: Власта нишани во Јанева, а пука во судот

Медиумската хајка што деновиве се води против Специјалното јавно обвинителство, според Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, е насочена и кон судот кој треба да одлучи дали првообвинетиот за случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, ќе биде ослободен од притвор, објави „А1 он“. Тој очекува институциите да ја опструираат работата на специјалната обвинителка и да не соработуваат при обезбедување докази во постапките...

Француската влада подготвува измени на уставот

Француската влада подготвува измени на уставот што би дозволиле воведување вонредна состојба со максимално траење од шест месеци и одземање на француското државјанство на лицата осудени за тероризам кои имаат двојно државјанство, наведоа извори од владата. Нацрт-законот неделава е доставен до владата за да се пристапи кон измена на уставот за која говореше францускиот претседател Франсоа Оланд по терористичките напади од...

ЛДП: Користењето ученици во религиозни активности е упад во секуларноста на државата

Минатонеделниот случај во Битола, кога масовно се злоупотребија децата од неколку основни училишта во име на православната религија, во проект насловен „Децата за доброто и светлината“, на иницијатива на наставници кои факултативно го предаваат предметот етика на религијата, претставува директен упад во секуларноста на државата, велат од Либерално-демократската партија. „Крајно недозволива е каква било религиозна активност надвор од образовните институции,...

Русија предлага уставни реформи и избори во Сирија

Официјална Москва предлага сириската влада и опозицијата да се договорат за почнување процес на уставни реформи во следните 18 месеци по предвремените претседателски избори, се наведува во предлог-документот до кој стигнала новинската агенција „Ројтерс“. Предлогот, кој Русија го составила во пресрет на меѓународните разговори во Сирија што се одржуваат неделава, има осум точки, н0 не го исклучува учеството на претседателот Башар ал Асад...

Калајџиев: Да не влеземе во стапицата дека сè мора да заврши до 15 септември

„Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата - и понатаму да ги држи на страна професионалните здруженија и НВО-секторот. Ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон, кој ќе има влијание на историјата на Македонија - дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава. Јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот...

Жестоки судири на протестите во Киев

Неколку десетини полицајци, новинари и граѓани се повредени во силната експлозија што се случи за време на протестите пред зградата на украинскиот парламент во Киев. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите избија откако парламентот ги одобри уставните измени, со кои на источните региони на земјата им се дава посебен статус и децентрализација од државата. Амандманите ги предложи украинскиот претседател Петро Порошенко. Репортерите јавуваат...

„Цивил“: Владата да им се извини на Ромите и да се санкционираат прекршителите на Уставот

Навредливиот речник и бруталниот однос кон Ромите, за кои се дознава од аудиоснимките на разговорите на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а кои ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се крајно неприфатливи и заслужуваат секаква осуда, соопшти денеска невладината организација „Цивил“, додавајќи дека тоа е уште една потврда на извештаите од изборното набљудување на организацијата. - Пејоративните називи за Ромите,...

СДСМ: Зошто е воведено ново тело за дисциплинирање судии

Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни, велат од СДСМ. Еден од последните негови чекори, според партијата, е вчера донесениот закон со којшто е воведен неуставен орган „Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии“. - Според Уставот на Република Македонија, единствено надлежен за избор и за разрешување на судиите е Судскиот совет....

Орав бара политички консензус за уставните измени

Преку писмена изјава, евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, предупредува на некои клучни проблеми во врска со уставните измени што се во собраниска процедура. „Како што веќе соопштија од канцаларијата во Брисел, и Венецијанската комисија, и Европската комисија подвлекоа дека уставни измени кои имаат олку важна природа бараат широк политички и општествен консенсус. И покрај процесот на консултации кој зема место, вклучувајќи...

СДСМ ѝ порачува на власта да не се пазари со Уставот

Обидот по секоја цена да се истурка процедурата на амaндманските измени на Уставот во Собранието на Република Македонија ќе биде само уште еден доказ дека финансиските интереси на оваа власт ѝ се поважни од сè друго, вклучувајќи ја и евроатланската перспектива, велат од СДСМ. - Амандманите на Уставот, онака како што се утврдени во Собранието, се проблематични и од аспект на...

Седницата за уставните амандмани ќе продолжи в петок

Седницата на која пратениците ќе расправаат за уставните амандмани ќе продолжи в петок. Откако ја завршија расправата за амандманот 37 од Уставот, со кој се дефинираат максимумите до кои може да се движат буџетскиот дефицит и јавниот долг, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Пратениците расправаа за амандманот со кој се одредува дефицитот на буџетот на Македонија, односно...

Денеска продолжение на седницата за уставните амандмани

Седницата за утврдување на уставните предлог-амандмани ќе продолжи денеска. Пратениците вчера го утврдија предлог-амандманот кој се однесува за бракот, амандманот за меѓународните финансиски зони, како и предлог-амандманот со кој се менува називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија. Беше утврден и амандманот со кој Државниот завод за ревизија станува уставна категорија. Собранието ја заврши и...

ЕК: Важно е уставните измени да се донесат со широк консензус

И Венецијанската комисија и Европската комисија истакнаа дека е многу важно уставните измени да се донесат со најширок можен политички и општествен консензус, реагираат од Европската комисија. „Иако имаше процес на консултација, вклучително и со меѓународни тела, што е позитивно, забележуваме дека овие уставни измени поминуваат низ собраниска процедура во време кога најголемата опозициска партија го бојкотира парламентот. Меѓутоа ,важно...

Пратениците денеска ќе ги носат уставните измени

Предлог-­амандман за дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон и уште неколку амандмани за уставни измени ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието. За да се усвојат амандманите, за нив треба да гласаат 82 пратеника. Два од амандманите се однесуваат на одлучување...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...