fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

ДС го повика Иванов да го даде мандатот на Заев за состав на влада

Демократскиот сојуз го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска да му го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој доби поддршка од 67 пратеници во Собранието. Од партијата велат дека состојбите во државата можат „драматично да се усложнат доколку парламентот и понатаму е без претседател, владата е техничка и со четири пратеници во неа,...

СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и за осуда на народи за геноциди

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу...

Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

„Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако централниот одбор на партијата го утврди неговиот избор за мандатар...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе стоиме цврсто на бедемот на одбраната на државните интереси

Наша историска и идеолошка определба, но и мандат даден од мнозинството граѓани, е заштитата на државните и на националните интереси во која било форма, велат од ВМРО-ДПМНЕ и истакнуваат дека ќе стојат цврсто на бедемот на одбраната на тие интереси. „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дефакторизација на македонскиот народ и на другите етнички заедници што живеат во Македонија. Тоа што го најавувавме...

Членовите на централното претседателство на ДУИ пристигнаа во штабот во Мала Речица

Тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, и други функционери пристигнаа во седиштето на партијата во Мала Речица, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го свика централното претседателство на партијата за денеска во 17.30 часот. Арифи, Бејта и Меџити треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ. Во секој момент се очекува...

Ердоган ги одобри уставните реформи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска одобри одржување национален референдум за уставните реформи кои му овозможуваат на претседателот зголемени овластувања. Ердоган ја потпиша реформата за Уставот, со што е отворен пат за референдум за воведување на претседателскиот систем што ги проширува неговите овластувања. Референдумот по тоа прашање најверојатно ќе биде одржан на средината од април. Турскиот парламент минатиот месец одобри уставни реформи со минимално потребниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да го прочита Уставот, пратениците можат да бидат министри

Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија, постоечката влада на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Петре Шилегов, на која СДСМ најави кривични пријави за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата појаснуваат дека според Уставот, претседателот на владата и министрите кои се...

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа...

Формиран Семакедонски национален совет – Македониум

Македонската дијаспора формираше Семакедонски национален совет - Македониум, заради, како што се наведува во прогласот на советот, одбрана на македонските национални интереси. Советот, како што се наведува, ќе биде управуван од Македонци од секаде од светот. За претседател е избран Страшко Олумчев, додека четворицата заменици претседатели се Нестор Огинар, Никола Ставрески, Ристо Поповски-Лавот , Виолета Матијевиќ, Ицо Најдовски-Перин. Во раководството...

За да помине платформата на Албанците, треба двотретинско мнозинство во Собранието

Политичките партии од албанскиот блок, ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците, на 7 јануари соопштија дека усвоиле заедничка платформа која ќе биде нивна основа во преговите за формирањето на новата влада. Сепак, и во случај нивните барања опфатени во платформата да бидат прифатени од некоја од двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за нивно спроведување на...

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија. „Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет...

Ахмети, Касами и Села усвоија заедничка платформа за учество во новата влада

Претставниците на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците денеска издадоа изјава со која ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“. Платформата се состои од седум главни точки кои се однесуваат на рамноправноста која е предвидена со Охридскиот договор и Уставот, на рамноправен економски и регионален развој, на зајакнување на владеењето на правото, на...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година. На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина...

Граѓаните на Њујорк бараат уставно право на чист воздух и вода

Здруженијата за заштита на животната средина од сојузната американска држава Њујорк бараат со амандман на уставот да се гарантира правото на чист воздух и вода. Организациите „Заговорници за животна средина Њујорк“ и „Ефикасен Њујорк“ за предложениот амандман се заложуваат преку интернет-видеоогласи, објавени денеска, на кои се претставени децата од местата Хусик Фолс, каде што има бунари загадени со индустриски хемикалии. „Не...

За што, според Уставот, е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието

Актуелниот распоред на силите во Собранието на Република Македонија по предвремените парламентарни избори, на ниту една партија или коалиција, како и да биде скроена (освен ако влада не формираат сите партии), не ѝ овозможува двотретинско мнозинство во законодавниот дом. Двотретинското мнозинство, односно 81 од вкупнот број пратеници, е неопходно во носењето на дел од одлуките и на законите во Собранието,...

По поразот на референдумот, Ренци поднесе оставка

Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот на референдумот и рече дека презема целосна одговорност, па потоа поднесе оставка. - Имам намера да поднесам оставка. Преземам целосна одговорност за поразот – рече Ренци на прес-конференција во Рим. Тој рече дека денеска ќе има состанок со својот кабинет, како и дека подоцна ќе му ја предаде својата оставка на италијанскиот претседател Серџо...

Италијанците утре на референдум ќе одлучуваат за реформа на политичкиот систем

Граѓаните на Италија утре на референдум ќе одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа, пишуваат светските агенции. Станува збор за една од најголемите институционални промени во Италија, откако земјата...

Унгарскиот парламент не го усвои антимигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент не го усвои уставниот амандман кој предвидуваше забрана за населување на странска популација во земјата, откако предлогот не го доби неопходното двотретинско мнозинство. Предложениот амандман на уставот, како што јавуваат медиумите, добил поддршка од 131 пратеник, од вкупно 199 народни избраници во унгарскиот парламент. Тоа претставува 65,8 отсто од вкупниот број пратеници, но е под неопходното двотретинско мнозинство....

Ердоган сака војската и разузнавањето да бидат под контрола на претседателот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака вооружените сили и националната разузнавачка агенција (МИТ) да бидат под контрола на претседателот, јавуваат турските медиуми. - За такво нешто се потребни уставни промени, а тоа мора да го одобри и опозицијата – рече Ердоган. Во Турција денеска е одржан состанок на Врховниот воен совет на кој се очекуваше договор за коренитите измени на структурите...

Ципрас отвора дијалог со народот за реформи во грчкиот устав

Почнување дијалог со граѓаните за менување на уставот и за збогување со стариот грчки политички и институционален систем, најави грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешното претставување на предлозите за измени на грчкиот устав. Измена на начинот на кој ќе се избира претседателот доколку не може да го избере собранието, зајакнување на можностите за распишување граѓански референдуми за важни државни прашања,...

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...