Тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, и други функционери пристигнаа во седиштето на партијата во Мала Речица, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го свика централното претседателство на партијата за денеска во 17.30 часот.

Арифи, Бејта и Меџити треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ.

Во секој момент се очекува да пристигне и Ахмети, кој го свика состанокот по синоќешната средба со лидерот на СДСМ,  Зоран Заев.

Заев по тричасовната средба синоќа изјави дека двете партии се блиску до договор и оти на средбата било разговарано за уставноста на предложените решенија.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, рече дека на средбата со Заев не било разговарано за потписите за добивање мандат и дека немаат големи разлики со СДСМ околу предлогот за употребата на албанскиот јазик.