fbpx

Словенечки владин функционер разрешен поради неодговорени новинарски прашања

-

Словенечки владин функционер бил разрешен бидејќи не одговорил на новинарски прашања што му биле поставени во интервју.

Имено, словенечката влада го разрешила шефот на секторот за обновлива енергија, Тилен Смолникар, еден ден по засрамувачкото интервју со новинарката Леа Мајцен, во кое се гледа дека тој нема основни познавања за својата работа.

Во обидот на Мајцен да го интервјуира Смолникар, на 16 февруари, по прес-конфереција на Министерството за инфраструктура во Брдо крај Крањ, тој покажал очигледен недостиг од знаење за основните податоци поврзани со неговата работа. Новинарката се обидела да му постави десетина прашања поврзани со владините трошоци и расходи за обновлива енергија и за ветерници, на кои тој не можел да одговори.

Во интервју за хрватската телевизија РТЛ, Мајцен подоцна изјави дека медиумот за кој работи одлучил да го објави интервјуто, бидејќи било очигледно дека државен функционер нема основни познавања, а словенечките даночни обврзници му обезбедуваат плата од 2.600 евра.

Инаку, Мајцен е помлада телевизиска новинарка, која пред шест месеци почнала да работи за „Канал А“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...