fbpx

Заев по средбата со Ахмети: Нема чепкање на Уставот и по цена да не ги добијам потписите

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва по тричасовната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Мала Речица изјави дека се блиску до договор и оти на средбата било разговарано за уставноста на решенијата.

– Во тек се преговори. Интензитетот се зголемува. Одредени прашања се расчистени и тие прашање ќе ги пренесеме на нашите работни групи, на СДСМ и на ДУИ. Ова се прави за да се решат одредени прашања во интерес на албанската заедница, но во рамки на Уставот – рече Заев и додаде дека Уставот нема да се менува дури и по цена да не ги добие потписите за добивање мандат.

Претседателот на СДСМ изјави дека на неколкудневните средби и состаноци се водат разговори околу уставноста на предлозите за употребата на албанскиот јазик. Тој го сподели ставот на ДУИ, кој беше изнесен преку вчерашната изјава на портпаролот на партијата, Бујар Османи, кој рече дека се работи за тоа дали ќе се прифати или нема да се прифати предлогот на ДУИ за употребата на албанскиот јазик.

Заев рече дека нема разлики во однос на евроатланската интеграција на Македонија и за Специјалното јавно обвинителство.

На новинарско прашање, одговори дека на претходните средби се разговарало за рамномерната распределба на буџетот во општините во Македонија. Тој истакна дека сите општини ќе добијат рамномерен буџет затоа што визијата на СДСМ е да се создаде општество кое ќе биде еднакво за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...