fbpx

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

-

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот на СДСМ, Заев. Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик. Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски. Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата – рече Шилегов.

Прашан за коментар на условите што треба да бидат содржани во програмата според Иванов, Шилегов истакна дека ниту во Уставот, ниту во Законот за влада не постои обврска на мандатар да презентира каква било програма пред претседателот, во случајов Ѓорѓе Иванов.

– Програмата се презентира пред пратениците и таа е предмет на усвојување од страна на Собранието, не од страна на Иванов – нагласи портпаролот на СДСМ.

На прашањето дали СДСМ почнал да собира потписи за состав на влада, тој рече дека СДСМ работи на наоѓање решение што ќе доведе до брзо и ефикасно формирање на нова влада.

За тоа дали СДСМ ќе побара одговорност од претседателот Иванов за последната одлука, Шилегов изјави дека актуелниот претседател на државата заминува во политичката историја во истиот момент кога тоа ќе се случи со Никола Груевски, со формирањето на новата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...