fbpx

Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

-

„Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако централниот одбор на партијата го утврди неговиот избор за мандатар за состав на новата влада.

Тој додаде дека „следува период во кој ќе се посветат на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија“.

– Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно праведно и правично општество за сите. Сè што правевме досега, во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Македонија – рече Заев пред членовите на централниот одбор.

Заев ги информирал членовите на ЦО на СДСМ, пратениците, претседателите на општинските организации, градоначалниците од редовите на СДСМ присутни на состанокот, за текот и за содржината на разговорите со политички партии кои имаат добиено мандати во Собранието на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...