fbpx

Села: Потпишаниот договор на политичките партии е противуставен

-

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, смета дека четирите политички партии го прекршиле Уставот со потпишувањето на вчерашниот договор, со кој, според него, ќе се избришат околу 200.000 гласови од дијаспората, од кои мнозинството се Албанци.

Според Села, секој кој има македонско државјанство и плаќа данок во Македонија треба да има право на глас, па негов став е дека треба да се укине делот од договорот каде стои дека 170.000 гласачи треба да се водат на посебен избирачки список и да не се дозволи другите 40.000 гласачи да бидат избришани.

– Се зборува само за 200.000 гласачи кои се претежно од албанската дијаспора и на кои сакаат да им го одземат правото на глас. Па, редно е да прашаме кој е следниот чекор. Кога ќе се осмелат да им го одземат државјанството и кога ќе им го конфискуваат имотот. Дали овие 200.000 гласачи ги очекува истото што им се случи на Албанците во Чемерија, кои и ден-денес не можат да си го остварат правото на сопственост – изјави претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села.

Села смета дека проблемот со избирачкиот список може да се реши ако цивилната служба на Министерствотото за внатрешни работи премине под ингеренции на локалната самоуправа.

– Не знам зошто во јавноста никој не спомна дека најважното што треба да се случи е цивилната служба во Министерството за внатрешни работи да премине во рацете на локалната самоуправа. Само на таков начин ќе имаме вистинско вкрстување на резултатите на избирачките списоци и само на таков начин ќе имаме контрола на сè што се работи и, нормално, и на тие што издаваат лични карти и други документи – рече Села.

Села упати апел до Специјалното јавно обвинителство, во иднина повеќе да се занимава со, како што ги нарече, политички монтираните случаи како „Сопот“ и „Монструм“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...