fbpx

СДСМ бара Иванов да одговара на прашања пред комисијата за импичмент

-

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на денешната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност.

– Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, Иванов ја презеде надлежноста на Собранието и ги амнестираше лицата. Сите знаеме дека амнестија носи Собранието, а претседателот може да помилува или да аболира. Иванов и во говорот на 12 април рече дека ќе даде амнестија, а не аболиција – рече Дескоска.

Таа побара од претседателот на комисијата, Зоран Илиоски, да го повика Иванов пред членовите на собраниската комисија да одговори на неколку прашања, како, на пример, дали свесно во говорот велел амнестија, наместо аболиција, дали одлуката ја донел под притисок и други прашања, кои, како што рече Дескоска, ги интересираат пратениците на СДСМ.

Дескоска рече и дека Иванов со оваа одлука ја вратил Македонија во средниот век, затоа што ги поделил граѓаните на подобни и на неподобни. Исто така, Иванов ги охрабрил политичарите да прават што сакаат, без да сносат никаква одговорност.

– Главната цел на аболициите беше да се оневозможи работата на Специјалното јавно обвинителство – рече Дескоска.

Илиоски го одби барањето на Дескоска да се повика претседателот лично да одговори на сите наводи, бидејќи, според деловникот, тој може, но не мора да се изјасни.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, потсети на високиот рејтинг што претседателот Иванов го ужива кај граѓаните, неговата улога во бегалската криза, како и на неговите цврсти ставови за името. Според Мукоски, токму ставовите на Иванов за името се причината поради која СДСМ сака да го тргне од позицијата претседател.

Од ДУИ велат дека помилувањето е индивидуален чин, а ефектите од одлуката на Иванов се колективни.

Расправата на Комисијата ќе продолжи утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...