fbpx

СДСМ: За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава

-

Ѓорге Иванов, човекот кој ги прекрши законите и највисокиот акт, Уставот на Република Македонија, не може да се повикува на правни норми, реагираат од СДСМ на изјавата на Иванов во Софија.

„За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава, тој само ги спроведува нарачките од Никола Груевски. Лицето Ѓорге Иванов наместо лицемерно да се повикува зад правни акти нека ги поништи сите срамни одлуки за аболиција што ги донесе по налог на Никола Груевски. Ставот на целата демократска јавност во Македонија, но и на меѓународната заедница е дека делумното повлекување на аболицијата од страна на Ѓорге Иванов е неприфатливо“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите подеднакво и дека хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиција.

 

„Само целосното поништување на аболицијата ќе значи дека законот е еднаков за сите, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...