fbpx

ОЕЦД: На светот му претстои нова економска криза предизвикана од ниската потрошувачка

-

Глобалната економија би можела да западне во замката на низок економски раст кој ќе ја загрози иднината на следните генерации, освен ако владите под итно не ја зголемат потрошувачката, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

– Без сеопфтана, кохерентна и заедничка акција, разочарувачкиот и успорен раст ќе трае, што значително ќе го отежне исполнувањето на ветувањето спрема сегашните и идни генерации – се вели во извештајот на ОЕЦД.

Претпријатијата, според оваа организација, немаат никаква иницијатива да инвестираат, имајќи ја предвид успорената побарувачка, забавениот раст на платите, невработеноста и нееднаквата распределба на примањата.

Во меѓувреме, неизвесноста исто така ја кочи потрошувачката, оценува ОЕЦД.

Иако централните банки го поддржуваа глобалното заздравување на економијата со ултра-ниски каматни стапки и монетарен поттик, ОЕЦД смета дека „потпирањето на монетарната политика не успеало да донесе задоволувачки економски раст и инфлација. Постои итна потреба владите да ја зголемат потрошувачката.

Проекцијата на оваа организација за раст на глобалната економија за оваа година е 3 отсто, за разлика од 3,6 отсто прогнозирани во октомври минатата година. За 2017 година се предвидува раст од 3,3 отсто.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...